5 мај 2002-ра требаше да биде денот кога Интер ќе го освои Скудетото, прво во ерата на Морати, а за да се случи тоа во последното колото само требаше да освојат 3 бода на Олимпико во Рим. Лацио ем имаше послаб тим, ем не се бореше за ништо.
Истовремено Јувентус му гостуваше на Удинезе и во случај на победа според бодовната разлика ќе мораа да се надеваат на кикс на Интер. Колку и да беа убедени навивачите на Интер дека такво сценарио не е можно со оглед на тоа што во напад ги имаа Роналдо, Виери и Рекоба, им се случи кошмар.
Лацио - Интер 4:2, Удинезе - Јувентус 0:2. Полошо не можеше да биде за тренерот Купер, претседателот Морати, тимот и навивачите кои беа во солзи исто како нивниот миленик Роналдо, коj поради тие 90 минути од неговата кариера остана без ниту една титула во Серија А.
И по 15 години навивачите на Јувентус им фаќаат сеир.
Инсерти од тие 4:2 на Олимпико
Головите во Удине и славјето на титулата