Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Колку се сменија времињата во фудбалот

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата во своето време, Денис Бергкамп добил договор од 25.000 фунти неделно и тоа било ударна вест во сите медиуми. Серхио Агуеро и Вејн Руни денес тие пари ги добиваат дневно.

Како удираше банани најголемиот ѕвер во НБА

Еден од најголемите тешкаши во историјата на НБА, центарот Бен Волас, The Beast From the East стана шампион со Детроит во 2004-та, а играше уште и за Вашингтон, Орландо, Чикаго и Кливленд. Ќе го паметиме по страшните забивања и ѕверски блокади.

Договорена борбата Мејведер - Мекгрегор

На 26. август во T-Mobile Арена во Лас Вегас ќе се одржи долгоочекуваниот судир меѓу повеќекратниот боксерски шампион и првакот во УФЦ.

Самсоненко стана спонзор на гигантот ЦСКА Москва

Компанијата Betcity со седиште во Ростов на Дон, во сопственост на газдата на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко потпиша спонзорски договор со армејскиот клуб од Москва.

Сјаен гест од Французите до Англичаните

Пред самиот почеток на пријателската меѓу Франција и Англија, членови на оркестарот на републиканската гарда на Франција ја отсвиреа Don’t Look Back in Anger од Oasis во чест на загинатите од терористичкиот напад во Манчестер.

Мамиќ правеше циркус во судница, па ги избрка адвокатите

Мамињо предизвика инцидент во судот во Осиек каде требаше да сведочи фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен. Ги избрка и адвокатите кои го бранеа па им се пушти и на новинарите.

19 години од легендарниот шут на Џордан против Јута

На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.

Скаути со големи тефтери доаѓаат на Европско

Покрај стандардните акредитации за новинари, барања до УЕФА за присуство на големите настани бараат и ловците на таленти кои во Полска ќе се појават во рекорден број. Од Арсенал, Сити, Барса и Лестер, до Галатасарај и Дортмунд, сите праќаат свои луѓе.

Правиш опасна контра и ти влегува куче

Фарски Острови се познати по многу нешта, но не и по фудбал. Ама еден настан на првенствен меч направи да се слушне за нивната лига.

Работнички добива нова модерна сала

Најтрофејниот кошаркарски клуб во земјава конечно ќе добие модерна сала каква што им приличи на славните „црвено-бели“.

Што ја чека Македонија на Европското У21

Играме во сабота од 20:45, па следната недела во вторник од 18 и петок од 20:45. Кои се противниците и што треба да знаеме за нивните играчи?

Сириец го имаше најлудото голманско исфрлање топка

На пријателскиот меч Јапонија - Сирија, гостинскиот голман Ибрахим Алма покажа нов изум за исфрлање на топката од својот шеснаесетник.

Дембеле во улогата сега музичар си или не си?

Еден од најталентираните француски фудбалери кој синоќа со гол и асистенција против Англија си го бетонираше првотимскиот статус во репрезентацијата во една прилика даде необична изјава. Слична на онаа на Бора Тодоровиќ од култниот „Балкан Експрес“.

Бутрагењо и Саха во Скопје, ФФМ со детали за картите за Супер Куп

До мечот од Супер Купот останаа помалку од два месеци. Денес во Скопје на прес-конференција по тој повод се појавија претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха.

Што се случи со навивачот кој фрли Скутер на Џузепе Меаца

Уште кога Градски ја имаше само Јужна, една од главните заебанции на досаден меч беше да направиш авионче од весник и додека да слета да реагираш како Шаќири да изведува корнер. Во Серија А имаше еден многу поразличен и тежок случај во кој некој можеше да настрада.

17 години од лудиот меч Југославија - Словенија на ЕП

На денешен ден 2000-та, на Европското во Холандија и Белгија, после неверојатните киксеви на Синиша Михајловиќ, Словенците на крилата на Заховиќ водеа 3-0 против Југославија. Миха доби и црвен картон па сите веќе ја прогласија Словенија за победник. Но не и Саво Милошевиќ...

Партнерство меѓу Пепси и УЕФА Суперкуп 2017

УЕФА Суперкуп Скопје 2017 е настан што не смее да се пропушти, така што Пепси ќе отпочне наградна игра, во која ќе подарува влезници секој ден!

Манчестер Јунајтед го чекаат 29.420 километри до Скопје

Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.

Реклама со Шмајхел од 1998-ма, дал да се смееш или плачеш

Легендата на Манчестер Јунајтед пред скоро 20 години се нашол во една доста непријатна ситуација, а тоа е да прифати главна ролја во една реклама за сланина, за која потоа ќе го искинат другарите од реметење. Шмајхел во една сцена е кувар и свири на контрабас со голмански ракавици. Каде бе со вакви идеи, режисерот одма на суд.

На боксерите не им е секогаш до тепање

Сè што не сте виделе и очекувале од луѓе на кои работата им се состои во тоа да се пресметаат и измлатат во ринг го има во ова видео. Уште бакнеж фали.

Најплодните 7 години од кариерата на Давид Луиз

Тешко дека постои дефанзивец кој не сака да биде во кожата на Бразилецот во изминатиов период. Не само поради платата и славата, туку и поради трофејната сала која ја наполни до даска за само 7 години.

На Бразил му требаат 10 секунди да ви даде гол

Откако загубија на пријателската од Аргентина, Кариоките попладнево играат генерална проба за Купот на Конфедерации против Австралија во Мелбурн. Само што почна мечот, Диего Соуза од Спрот Ресифе го отвори резултатот.

Драмско сценарио со среќен крај за МВП Кевин Дурент

Го хејтаа, го напаѓаа зошто ја предаде Оклахома и отиде на готово да освои титула, но Дурент им докажа на сите дека е неверојатен кошаркар кој заслужено го освои прстенот и МВП наградата. „Ова е МВП и за момците од клупата, не е само мој“.

Најемотивното видео за Европската титула на Вардар

Емоции, среќа, морници и моменти за историја. Тој што го монтирал видеово целосно ја разбира тежината на успехот на Рк Вардар кој на 4 јуни ја покори Европа. Видеово посветено на Европскиот шампион е беспрекорно и безвременско.