Најплодните 7 години од кариерата на Давид Луиз

Тешко дека постои дефанзивец кој не сака да биде во кожата на Бразилецот во изминатиов период. Не само поради платата и славата, туку и поради трофејната сала која ја наполни до даска за само 7 години.

Во летниот трансфер период во 2014-та година топ тема во медиумите беше Давид Луиз кој за сума од 62 милиони евра направи трансфер од Челси во ПСЖ, со што стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
 
Во француското првенство замина во вистинско време бидејќи заигра во дрим тимот на ПСЖ кој лесно ги освојуваше, а потоа ги бранеше трофеите.
 
Челси за него во фунти доби 50 милиони, а минатата сезона го врати за 30 милиони, а тој повторно го погоди тајмингот бидејќи се најде во беспрекорната сезона на Сините предводени од Антонио Конте и ја освои шампионската титула.
 
Сè за што се трудел и играл до својата 23-та година од кариерата, 30 годишниот бразилски дефанзивец може слободно да заборави, бидејќи за него фудбалот, оној вистинскиот почнува на 23 години.
 
Во период од само 7 години, тој успеа да стигне до неверојатни 17 трофеи освоени во три клубови, а тоа во просек е повеќе од два по сезона.

Одиме со ред:
 
БЕНФИКА
Премиера лига: 2009/2010
Куп на Португалија: 2008/2009, 2009/2010. 2010/2011
 
ЧЕЛСИ
Премиер лига: 2016/2017
ФА Куп: 2011/2012
Лига на шампиони: 2011/2012
Лига Европа: 2012/2013
 
ПСЖ
Лига 1: 2014/2015, 2015/2016
Куп на Франција: 2014/2015, 2015/2016
Лига Куп: 2014/2015, 2015/2016
Супер Куп на Франција: 2014, 2015, 2016
 
Со исклучок на оние кошмарни 7:1 кои Бразил ги изеде од Германија во полуфиналето на СП 2014, Давид Луиз нема друг повод за пуштање солзи. Со 17 трофеи за 7 години нормално дека ќе изаграва бесни глисти во двор.

13 јуни 2017 - 13:45