По сослушувањето на Лука Модриќ во врска со неговиот трансфер во Тотенхем, денес редот дојде на Дејан Ловрен, односно на татко му Саша Ловрен којшто сведочеше исто за трансферот на син му.
Инцидентот настана на самиот почеток кога Мамиќ станал од столчето и почнал да протестира поради начинот на кој обвинителот Тончи Перковиќ ги поставува прашањата.
Судијата Дарко Крушлин пробал да го смири, а прбале и адвокатите на Мамиќ, Јадранка Слоковиќ и Чедо Продановиќ па Здравко почна и нив да им вика после што им откажа полномошност и ги избрка.
На браќата Здравко и Зоран Мамиќ им се суди поради сомнеж дека извлекувале пари од трансферите на играчите на Динамо, затајувале данок и преку други незаконити работи го оштетиле буџетот на Динамо за 116 милиони куни (15,5 милиони евра), а државниот буџет за 1,6 милиони евра.
Откако судијата го прекина рочиштето за 3. јули, Мамиќ добил рок од седум дена да си најде нови адвокати или ќе му бидат доделени по службена должност.
По излегувањето од суницата Мамиќ се појави пред новинарите:
„Веројатно јас имам најголеми права затоа што ми се суди, но ако не ми дозволиш праведно судење, тогаш е нормално тоа што се случи, затоа што јас не сум фраер без мадиња, јас сум фраер со и тоа какви мадиња. Кој има потреба да провери, може и тоа“, изјави Мамиќ и замина.