Offside

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Најнеобичните анегдоти на старата традиција на Вимблдон

Јастребот Руфус, традицијата на јагоди со шлаг, тревата строго шишана на 8 милиметри и фамозниот 'Middle Sunday': Кои се најнеобични анегдоти на најпрестижниот турнир на светот?

Најбесмислените 5 трансфери кои можеа да се случат во Серија А

Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.

Почеток на подготовки со муфтија и поп

Кметот на градчето Крџали во Јужна Бугарија заедно со месниот свештеник Петар Гарена и поранешниот главен муфтија Фикри Сали го означиле стартот на првиот тренинг на третолигашот ФК Арда Крџали.

Топ 10 фудбалски вести од месец јуни

Ако сте одморале малку од фудбал изминатиот месец или пак сте акале по одмори вон сезона, фрлите едно око на статијатава чисто да бидете во тек што се случуваше. Клаудио Браво ги скроти Европските прваци, Донарума изводи на 18 години, а кај Германците ништо ново.

Богот на слободните удари и средбата со смртта - Хакан Чаланоглу

Еден е од подобрите специјалисти во светот на слободните удари, а имал чуден пат до славниот Милан. Не се многу познати неговите епизоди со депресија и кога му ставале пиштол на чело.

И после не бил талентиран за Вардар

Играше во ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК и сега има 36 години и е слободен агент. Прогласуван е рекордни седум пати за најдобар играч во Бугарија, повеќе од Стоичков и е најдобар стрелец во историјата на својата репрезентација со 48 гола. Несфатливо е како може да не помине на проба кај нас играч со ваков осет за гол?

Зошто треба да им се поклониме на Германците

Германија освои уште еден голем турнир, овојпат без сите главни ѕвезди во составот и речиси со Ц селекција. А станаа и европски прваци до 21 година, така што нивниот систем на работа со млади е неверојатен.

Скопје за Супер Купот се претвори во Лас Вегас

Како тргнала работата, навивачите кои се очекува да допатуваат во Скопје за финалето меѓу Реал и Манчестер, ќе дојдат на денот на одигрување на натпреварот, а по мечот ќе продолжат во Грција на одмор едно 10 дена, бидејќи така поевтино ќе им дојде.

Што не сте знаеле за кариерата на Јоаким Лев

Како член на мал полу-професионален клуб можел и морал да работи и некоја друга работа за да заработува, па решил да продава вратоврски и машни од багажникот на својот автомобил. Патот го однесе до врвот а најмногу учел од Ролф Фрингер.

Седум неприкосновени асистенции на мозокот Чави

Не веруваме дека постои играч кој не се воодушевува на играта на ценетиот Чави. Овие ситуации се жив пример како врвниот плејмејкер направи светска кариера со кликер. Ја држи топката колку што треба, посматра, има целосен преглед на играта, сочекува, го менува движењето на телото и ја дава секогаш во точен момент. Со еден збор ова се вика совршенство.

Како Европскиот првак изведува слободен удар без Роналдо

Да ги прашаш што им беше намерата нема да знаат да објаснат. И да било индиректен удар греота е вака да го потрошиш, за некои мајстори ова е пола пенал.

Нешто од златното време на Руни

Иако има 31 година и не е престарен, не е голгетериште какво што беше и плус го повлекоа поназад да игра како плејмејкер. На навивачите на Манчестер Јунајтед сигурно им недостигаат овие негови ремек дела. Зборуваме за најдобриот стрелец во историјата на клубот кој кога ќе се налутеше, ја кинеше мрежата.

Извини дебели ама ништо не ми можеш

Кога ќе ги видиш на прва, мислиш дека ќе го фати со две раце ќе го крене во вис и ќе го исфрли од ринг, ама не оди тоа така. И Вардар за противници на Фајнлфор во ЛШ ги доби Барса и ПСЖ, па на крај ги исплеска.

10 фудбалери кои не се родени каде што мислите

Во ера на глобализација, селење кое го имало од секогаш и често натурализирање на репрезентативци, не треба да се збуниме кога ќе прочитаме дека Игуаин не е роден во Аргентина, Роси не е роден во Италија, а Нани е роден во Република Зелен ’Рт. И кај нас има многу што не завршуваат на „ски“.

Фудбалот добива на прецизност во одлуките

Судиските неправедни одлуки кога се во прашање пеналите, лека полека ќе ги испратиме во историјата. На денешниот меч за трето место на Куп на Конфедерации меѓу Португалија и Мексико, судијата ја употреби новата видео технологија (VAR) и донесе прецизна одлука на која се радува секој што сака да гледа регуларен фудбал. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сака да ја воведе оваа технологија и на СП 2018, што би било убаво.

Слободниот на Дибала со жив ѕид од цело село

На еден ревијален меч од хуманитарен карактер во Лагуна Ларга, аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала имаше предизвик да шутира слободен кон гол во кој застанаа 20-ина луѓе.

Година на промашени пенали

На 2. јули минатата година Италија загуби од Германија во 1/4 финалето на Европското, а мечот го одбележаа пеналите на Заза и Пеле кои станаа предмет на иронија на интернет. После нив имаше и други трапаво изведени удари од белата точка.

Стеф Кари стана најплатен играч во НБА

Двократниот МВП во најдобрата лига на светот доби нов пет-годишен договор тежок 201 милион долари и стана најплатениот играч во НБА.

Се сеќавате ли на Шунзуке Накамура

Даваше врвни голови од слободен за Реџина, за Селтик и за Еспањол, а долги години беше и капитен на Јапонија.

Германија У21 е европски шампион

Со евроголот на Мичел Вејзер во 39’ од финалето на младинското Европско првенство на стадионот во Краков, Германија У21 ја совлада Шпанија У21 и го освои златото.

Вардар на мегдан со Барса, Металург против Бешикташ и Монпеље

Македонските клубови ги добија противниците во новата сезона од Лигата на шампионите. „Металурзите“ од Автокоманда можат да бидат позадоволни затоа што добија ривали по мерка.

Вардарки против старите познаници во ЛШ

Европскиот вицешампион во женска конкуренција, Вардар вечерва на ждрепката во Словенија ги доби противниците за новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардар - Малме за 500 денари во Струмица

Управата на актуелниот шампион ја одреди цената за квалификацискиот дуел против шведски Малме и предизвика реакција од навивачите по социјалните мрежи.

Монпеље тагува по човекот кој ги направи француски Лестер

Најпознатиот урбан лик во фудбалска Франција, Луи Николан почина на 74 години од срцев напад во ресторан додека славел роденден.