Во период од три дена Германија освои две сјајни злата на големи натпреварувања. Во петокот младите освоија Евро У-21 а синоќа сениорите го освоија Купот на Конфдерации.
Уште ако се додаде дека во Русија играа само тројца играчи кои го освоија Светското првенство 2014, плус играа 11 играчи помлади од 25 години и 10 фудбалери кои до почетокот на Купот на Конфдерации имаа помалку од 5 настапи за Германија, тогаш треба да им се поклониме.
Германците цели 13 години ниту на едно големо натпреварување каде што се појавиле не биле под трето место (Мундијал, Европско, Куп на Конфдерации).
Јоги Лев има неверојатна статистика: 94 турнирски натпревари - 74 победи, 11 нерешени и само 9 порази. 78,7% триумфи.
Во финалето на Купот на Конфедерации против Чиле играше најмладата германска репрезентација во историјата. Просечна возраст им беше 24 години и 244 дена и тоа е за само 2 години постара од стартниот состав на младите кои играа во финалето на ЕП У-21 - 22 години и 275 дена. Неодамна Јоаким Лев пушти во стартниот состав 11 играчи од 11 разни клубови. Буквално сите можат да им позавидуваат на „Панцерите“.
European U21 + Confederations Cup wins = show of Germany's strength in depth right now.
— Archie Rhind-Tutt (@archiert1) July 2, 2017
Players missing from both squads below: (*update*) pic.twitter.com/JIQTCKs16U
На пример, Ларс Штиндл до летово не одиграл ниту ЕДЕН меч за репрезентација на Германија а на Купот на Конфдерации даде 3 гола од кои еден решавачки во финалето. Во август месец Штиндл ќе полни 29 години.