Германија освои уште еден голем турнир, овојпат без сите главни ѕвезди во составот и речиси со Ц селекција. А станаа и европски прваци до 21 година, така што нивниот систем на работа со млади е неверојатен.
Со евроголот на Мичел Вејзер во 39’ од финалето на младинското Европско првенство на стадионот во Краков, Германија У21 ја совлада Шпанија У21 и го освои златото.
Младиот голман на Хамбургер, Јулиан Полерсберг на синоќешното полуфинале против Англија У21 на Европското во штуцната чуваше лист на кој веројатно му запишале кој од Англичаните како шутира пенал. Тоа му помогна да им одбрани два пенали на Тами Абрахам и Натан Редмонд и да ја однесе Германија во големото финале.