Судиските неправедни одлуки кога се во прашање пеналите, лека полека ќе ги испратиме во историјата. На денешниот меч за трето место на Куп на Конфедерации меѓу Португалија и Мексико, судијата ја употреби новата видео технологија (VAR) и донесе прецизна одлука на која се радува секој што сака да гледа регуларен фудбал. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сака да ја воведе оваа технологија и на СП 2018, што би било убаво.