Offside

Хефте Бетанкор, 32-годишниот фудбалер на шпански Албасете ја има можеби најневеројатната приказна на сезоната. Тој добивал награда за најдобар стрелец во грчка, австриска и романска лига но речиси никој не го знаел до средата вечер кога направи чудо и со два гола го исфрли големиот Реал Мадрид од Купот на Шпанија.

„Олд Трафорд“ ќе оди во историјата, ќе се гради нов ултра модерен стадион

Во интервју за Тајмс, сопственикот на мнозинскиот пакет акции во Манчестер Јунајтед, милијардерот Сир Џим Ратклиф ја потврдил веста дека постојат планови и дека активно се разговара околу изградба на нов стадион наместо досегашниот „Олд Трафорд“.

Миовски беше сведок на најсилната одбрана во Ла Лига

Во малото дерби на Барселона, Еспањол и Жирона одиграа 1-1 и си поделија по бод. Бојан Миовски играше од почеток за гостите и доби 70 минути пред да биде заменет од ветеранот Кристијан Стуани кој го израмни резултатот од пенал во 88-ма минута. Претходно Жоан Гарсија, голманот на Еспањол кој важи за еден од најдобрите голмани во шпанскиот фудбал, имаше невозможна реакција при еден топовски удар на гостински фудбалер.

Лука Дончиќ и со очаен шут стигна до трипл-дабл

ЛА Лејкерс играше сјајно и забележа дури осум победи по ред. Со доаѓањето на суперѕвездата Лука Дончиќ а заминувањето на Ентони Дејвис екипата играше уште подобро, но сега се повреди Леброн Џејмс и уморот како да ги стинува „езерџиите“.

На тренинг се 'рчнаа Салах и Трент Александар-Арнолд

Ливерпул игра фантастична сезона. Апсолутен лидер е во Премиер лига, на убедлив начин беше прв и во првата фаза во Лига на шампиони каде вечерва го очекува реванш од осминафиналето против ПСЖ кого го добија 0:1 на првиот натпревар во Париз. Но кај црвените има и некои трзавици меѓу Салах и Трент Александар-Арнолд кои за малку ќе се степале на последниот тренинг пред мечот со ПСЖ.

Голмански кикс на сезоната во Полска

Во полската Екстракласа може да се види сè и сешто. Така на натпреварот меѓу Мотор Лублин и Легија Варшава во 10' минута гостите дојдоа до водство со чуден гол. Домашниот голман Кацпер Роса направи погрешна проценка, мислеше дека судијата досудил прекин и само ја спушти топката на терен. Шпанецот Марк Гуал го даде најлесниот гол во кариерата. На крајот мечот заврши 3-3 а Мотор Лублин израмни со вториот гол на мечот на Самуел Мраз во 90+10' минута од судиското продолжение.

Јокиќ и Денвер им возвратија на Шеј Гилџес-Александер и Оклахома

На неполни 48 часа по првиот меѓусебен дуел во „Пејком Центар“, Денвер Нагетс се одмазди за поразот и против истиот ривал славеше 140-127.

Царот на рескирањето - Ханси Флик

Германскиот тренер е најдоброто нешто што и се случило на Барселона во последниве години. Со него на клупата Каталонците играат убав фудбал како некогаш и се поефикасни дури и од страшните сезони со Меси-Суарез-Нејмар. За убавиот фудбал на Барса најзадолжен е Ханси Флик, некогашниот шампион со Баерн Минхен и германски селектор. Тој ризикува отворен фудбал по цена и на ризични офсајд-замки.

Олимпијакос прослави 100 годишнина

Трофејниот грчки колектив Олимпијакос кој има бројни титули во европскиот и грчкиот фудбал и кошарка, деновиве одбележа 100-годишнина од своето основање. На неколку пригодни манифестации на кошаркарскиот, фудбалскиот клуб и други секции, навивачите им честитаа роденден на црвено-белите.

Табела во Ла Лига откако Антони дојде во Бетис

Манчестер Јунајтед и неговиот тренер Рубен Аморим пред неколку недели проценија дека Антони не им треба сезонава и го дадоа на позајмица во Бетис. А таму бразилскиот репрезентативец има 4 гола и 3 асистенции на 9 натпревари. Заедно со Иско се најзаслужни за големиот подем на клубот од Андалузија.

Кош на Кавај Ленард во последна секунда со звук на сирената

Кавај Ленард е јунак на вечерта во НБА. Ветеранот и двократен НБА шампион од 2014-та и 2019-та со Торонто, направи фантастичен продор и постигна кош меѓу пет противнички играчи во последна секунда од мечот кој ЛА Клиперс го доби 111-110 против Сакраменто Кингс.

Ремек дело во мак-фудбалот, Влатко Стојановски со еврогол го стиши Чаир

Во 23. коло од македонската фудбалска лига Беса го совлада на гости Шкупи (некогашна Слога Југомагнат) со 2-3. Во 60-та минута од мечот најубав гол на сезоната постигна поранешниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски со удар од преку половина терен.

Да не знаеш што е полудо, голов шкорпион или пресвртот?

Во 11. коло од мексиканската Лига МХ, Клуб Тихуана и Атлас одиграле синоќа неверојатен натпревар на кој домаќините воделе 3-0 а гостите на крај победиле 3:4 со голови во 61-ва, 82-ра, 87-ма и 90+10' минута. Пресвртот го најавил Дорија со невозможен погодок со потег шкорпион, а Србинот Урош Ѓурѓевиќ постигнал хет-трик од 82-ра до 90+10-та минута за конечни 3-4.

Ненормалните одбрани на Раја на дербито со Манчестер Јунајтед

Арсенал успеа да освои бод и да избегне пораз на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед во натпревар кој заврши 1:1 само благодарение на голманот на „топџиите“ Давид Раја. После ова Арсенал има дури 15 бода помалку во однос на водечкиот Ливерпул.

Македонија Престон со „паненка“ ги победи Грците во Австралија после скоро 40 години

Во 5. коло од австралиската регионална фудбалска лига НПЛ Викторија, клубот на македонската дијаспора Престон Лајонс со 2-0 го совладал тимот на Јужен Мелбурн кој е клуб основан и бодрен од грчката дијаспора во Австралија. Ова е прва победа на „лавовите“ против Јужен Мелбурн после скоро четири децении.

Артета лут напушти интервју

Арсенал уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако ремизираше 1-1 против најслабиот Манчестер Јунајтед во последните неколку години. „Топџиите“ одиграа само 1-1 и се спасија од пораз затоа што нивниот голман Шпанецот Раја на неколку пати спасуваше чист гол. Сега бодовната разлика меѓу првиот (Ливерпул) и вториот (Арсенал) на табела во Премиер лига е цели 15 бода. Трката за титулата практично како да подзавршува.

Винисиус го крена цел „Сантијаго Бернабеу“ на нозе

Реал Мадрид потешко од очекувањата со 2-1 го совлада Рајо Ваљекано и го искористи киксот и поразот на градскиот ривал Атлетико Мадрид за да го престигне на табелата. Сега Барселона е прва со 57 бода колку што има и Реал Мадрид но Каталонците имаат натпревар помалку. Реал славеше со головите на Мбапе во 30' минута и мајсторијата на Винисиус Жуниор во 34-та минута.

Јувентус доби тешка шлаканица каква што не добил скоро 60 години

Во клучниот дел од сезоната најтрофејниот италијански клуб Јувентус игра мизерно. По срамното испаѓање од италијанскиот Куп дома од Емполи, бјанконерите испаднаа и од Лига на шампиони (ПСВ). Во неделата вечер Аталанта ги декласираше на нивен терен 0:4 и им го нанесе најтешкиот пораз со децении.

Рома даде гол во 21-ва секунда и победи

Стариот добар Клаудио Раниери уште еднаш потврди дека е мајстор на својот занает. Тој се врати од пензија со цел да и помогне на саканата Рома која беше во сериозна криза. Сега со него на клупата Рома има 6 победи по ред (5 во Серија А). Попладнево го совладаа Емполи 0-1 со гол на сјајниот млад аргентински бисер Матијас Суле. Во 22-ра секунда, гол кој влегува на листата најбрзи во историјата на италијанскиот фудбал.

Многу нешта на еден женски фудбалски натпревар

Тренерот на женската фудбалска екипа Вејк Форест во универзитетската лига на САД, Тони да Луз, фрустриран од промашен пенал на неговиот тим, се заглави во една корпа до резервната клупа.

Шампионот Бостон е страшно јак, Тејтум ја прекина серијата на Лејкерс

Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс синоќа го совлада ЛА Лејкерс 111:101 и ја прекина победничката серија на ривалот која траеше дури 8 натпревари по ред.

Иранецот Мохамади пак изведе најлуд аут

За време на дуелот од 22. коло на фудбалската лига на Иран меѓу Алуминиум Арак и Зоб Ахан кој завршил 2-0, гостинскиот бек Надер Мохамади повторно го потсети фудбалскиот свет дека тој ги изведува најлудите аути.

Нов мајсторски гол на Елмас, Елиф игра во топ форма!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес постигна нов погодок за Торино во италијанската Серија А, против Парма на гости во натпревар кој заврши 2:2. Елмас блеска по враќањето во Италија и ова му е трет гол. Претходно стрелаше против Монца кога доби награда за играч на натпреварот а погоди и против Болоња.

Јокиќ после лудиот рекорд: „Еден ден ќе легнам во кауч и ќе гледам што сум сторил“

Никола Јокиќ одигра рекорден натпревар со учинок каков што никој никогаш немал во НБА лигата. 31 поен, 21 скок и 22 асистенции имаше во триумфот на Денвер Нагетс против Феникс Санс. После натпреварот новинар го праша дали е свесен дека одиграл историски натпревар, Јокиќ во свој стил скромно вели:

Каква пензија, какви бакрачи, нов гол на Кристијано Роналдо

Португалскиот ас постигна нов гол за саудискиот Ал Наср. Вкупно 926. погодок во неговата блескава кариера со што се приближи до чудесната бројка од 1.000 гола која му е нескриена цел.