Леброн Џејмс полни 41 година

Еден од најдобрите и најтрофејни кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс има низа рекорди во НБА. Тој денес полни 41 години и како никој пред него досега во историјата, не е така спремен и активен на таа возраст. „Кралот“ е роден во Акрон, во Охајо во 1984-та. Во НБА дојде директно од средно школо во 2003-та и сега ја игра неверојатната и рекордна 23-та сезона по ред!

Освои 4 шампионски титули, 4 пати доби МВП за најдобар играч на финалето, 4 МВП награди за најдобар играч на основниот дел, имаше 20 Ол-Стар натпревари и бројни кошеви за победи во последна секунда.

30 декември 2025 - 15:36