Фудбал во Македонска Каменица, големи на мали

Да ги оставиме малку на страна Роналдо, Меси, како и мегаломанските фудбалски стории со милијарди. За крај на годината одиме со нешто наше, локално. Автентична селска идила со терен покрај куќи и борова шума. Фудбалот ги поврзува генерациите и создава силно чувство на заедништво.

Симпатичниот натпревар е помеѓу татковците и нивните синови, млади фудбалери од детските лиги на ФК Каменица Саса. Убава иницијатива со позитивна атмосфера и спортски дух.

31 декември 2025 - 10:44