Фасцинантно забивање за победа и за паметење

Милвоки Бакс стигнаа до 15. триумф сезонава во НБА лигата (со 20 порази) откако синоќа тесно го совладаа Шарлот Хорнетс 122-121. Јунак на дуелот беше кој друг ако не Јанис Адетокумбо кој уфрли 30 поени со 10 скока и 5 асистенции. Гркот на 4 секунди пред крајот при водство на гостите, имаше прекрасно забивање за победа.

Шарлот имаше шанса да возврати во последниот напад, но Брендон Милер не успеа да погоди.

Покрај Антедокумбо одлични во редовите на Милвоки Бакс беа уште и Рајан Ролинс со 29 поени, 4 скока и 8 асистенции, Кевин Портер Џуниор уфрли 10 поени со 10 скока, Боби Портис имаше 20 поени со 6 скока а Кајл Кузма 18 поени со 6 скока.

Кај Шарлот Хорнетс најефикасени беа Кон Кнупел со 26 поени, 4 скока и 3 асистенции и Мајлс Бриџис кој уфрли 25 поени со 6 скока. 

3 јануари 2026 - 09:58