Навивач на Конго стои 90 минути на трибина како статуа

Мишел Кука Мболадинга е фиксен во текот на сите фудбалски натпревари на Конго на Африканскиот Куп на нации. Целта му е една и единствена, а тоа е да му оддаде почит на Патрис Лумумба, првиот демократски избран премиер на Конго. Го сметаат за национален херој и глобален симбол на антиколонијалниот отпор, пред атентатот кој му го извршија во јануари 1961 година.

Навивачот се дотерура во костум, носи очила и ја средува фризурата, за да го долови физичкиот изглед на поранешниот премиер. 

31 декември 2025 - 11:03