Полн Олимпико емотивно го пречека Де Роси

Во ера на разгалени, размазени ѕвезди со розеви копачки и виолетови фризури, ретка е почитта која навивачите ја искажуваат за некој фудбалер. Даниеле Де Роси беше заменик капитен на Франческо Тоти и негов легитимен наследник во Рома. Ја чуваше „римската волчица“, се бореше како фајтер за неа секогаш и секаде. Сега се врати после долго време како тренер на Џенова. Јужна трибина го пречека импресивно.

 

Пред натпреварот имало видео во негова чест од детството во Рома:

„Никогаш нема да бидеш наш противник“ стоеше на една од паролите за Даниеле Де Роси од една од подргупите ултраси:

Рома славеше 3-1 со головите на Матијас Суле', Ману Коне и Еван Фергусон.

30 декември 2025 - 12:57