Миовски во дербито со Селтик го доби најбрзиот картон сезонава во Шкотска

Ренџерс му нанесе нов удар на сезонава очајниот Селтик откако го совлада на негов терен 1-3 и тоа после пресврт. Келтите водеа 1-0 на полувреме а во вториот дел Ренџерс направи пресврт и славеше со двата гола на Португалецот Шермити и еден на Мајки Мур. Бојан Миовски беше резерва на клупата и влезе во игра на пет минути пред крајот. За само неколку секунди доби жолт картон, еден од најбрзите во историјата на најголемото шкотско дерби.

Со овој триумф Ренџерс го израмни бодовното салдо со градскиот ривал (38), и сега има три бода помалку од лидерот Хартс. Битката за шампионската титула во Шкотска ќе има драматична завршница на сезоната. 

4 јануари 2026 - 10:19