Offside

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Арам да ти е што му даде жолт за прославата

На првиот меч од 16/финалето во Копа Либертадорес, Максимилијано Фреитас со првиот контакт со топката откако влезе во игра му донесе победа од 2:0 на неговиот Ориенте Петролеро против Универзитарио де Перу и знаеше како да го прослави важниот гол.

Кореецот кој заиграл тенис за да го подобри видот, сега е сензација

Во Јужна Кореа двегодишно служење воен рок не можеш да избегнеш па да си син на претседателот лично. Но едно талентирано дете кое имало проблеми со видот и кое го здрма тенискиот свет служело само четири недели. Кој е тој Хен Чон?

Да им посакаме вака да им тргне на Чесите

Македонската ракометна репрезентација за која сè уште не се знае дали ќе игра Кире, вечерва игра многу важен натпревар против Чешка. Од срце им посакуваме ваков ужасен нишан.

Епската промоција на Санчез собра 3,5 милиони посети

Манчестер Јунајтед не можеше да направи појако видео со најновото засилување кое се вика Алексис Санчез. Само за еден ден има 3,5 милиони кликови и скоро 150.000 ретвитови. А и платата не му е лоша. Изнесува 600.000 фунти неделно, а тоа се 2,4 милиони месечно или 29 милиони годишно. Чилеанецот станува најплатен играч во историјата на Премиер лигата.

И фудбалерите се спремаат за Лига на нации, ждрепката во среда

Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.

Некои разлики сезонава меѓу Роналдо и Меси

Барселона и Реал Мадрид се во една од најздодевните трки за титулата во последниве неколку години. Кралевите се четврти на -19 со четири порази, а Каталонците се неподливи. Оваа драстична разлика меѓу големите ривали ја отсликува и формата во која се наоѓаат нивните лидери.

Кога постарите ќе кажат во мое време еден Пеле, Гаринча, Вава

На Мундијалот 1970 во Мексико златото го освоил Бразил. Предводена од Пеле, Ривелињо, Жерсон и Загало, ваква репрезентација не се појавила до денес. Барем не според љубителите на фудбалот од стар ков.

Како бе од тука ја утна?

Централ Коуст Маринерс ќе жали за ремито од 1:1 против Сиднеј во австралиското првенство, а најмногу овој момак кој промаши една од оние шанси за кои се вели дека е полесно да ги утнеш. Неверојатно.

Најлудиот фудбал на Земјината топка се игра во Африка

Неодамна пишавме за наградата 5 гига Интернет што ја добива најдобриот играч на мечот во едно африканско првенство, но тоа и не е така лошо ако се види што сè не се случува во тамошниот фудбал.

Најголемиот идиот меѓу англиските навивачи

Маргарет Тачер пред едно три децении “ги смири“ хулиганите во Англија со носење на строги мерки. Ама тоа ги смири оди секако во наводници, бидејќи знаете како велат, шум на ум не се лечи.

Лапај си 100.000 долари за кош од пола терен

За време на дербито меѓу паднатите гиганти ЛА Лејкерс и Њујорк Никс, еден гледач по име Суни Стронг , во култниот „Стејплс Центар“ лапна 100.000 долари откако погоди шут од половина терен.

Браво за Никола

Македонската ракометна репрезентација редовно во нешто се истакнува на големите натпреварувања. Овој пат го немаме Кире меѓу најдобрите стрелци, но имаме голман кој брани во топ форма.

Што треба да знаеме за хрватскиот пожарникар - светски првак во УФЦ

ММА борецот Стипе Миочиќ е главен херој на минатиот викенд. На UFC 220 Хрватот ја одбрани титулата светски шампион против страшниот нокаутер Франсис Нгану и стана првиот во 20 години кој три пати го одбранил шампионскиот појас во UFC.

Што им направи бе дете?

Во Доха се игра Интерконтинентален Куп за играчи до 17 години, а меѓу екипите кои учествуваат се Милан, ПСЖ, Тотенхем и Фенербахче. Внимавајте што дриблер извади Бенфика. Се вика Хуго Нунес, роден 2001-ва. Малиот до толку ја сотре одбраната, што му дојде наплив на емоции кои го соборија да легне на земја.

Голман ти не треба да браниш

Хуан Карлос од шпанскиот второлигаш Луго изгледа треба почесто да глуми Мануел Ноер, барем кога има шанса како во вакви прилики. Дечкото така нон шарлантно ја опали од своја половина, што дел од играчите кои тргнаа да му честитаат се држеа за глава.

Огледалце, огледалце, кој е најубав на светот?

Пред средбата против Депортиво Ла Коруња, пар дечиња кои излегуваат со играчите на терен, со Кристијано Роналдо зборуваа кој е најдобар на светот. Заклучок им беше дека Меси е најслаб.

Изведувај ти колку сакаш, црвен картон не ти бега

ПАОК како ретко кога на крајот од јануари и натаму е во трката за шампионскиот трофеј. Синоќа славеше 3-0 над Аполон Смирнис, а момент на мечот беше кога судијата го исклучи гостинскиот играч Фонси Надалес што извел слободен удар пред неговата свирка.

Француско дерби со 3 гола, сите празник за очи

Фудбалерите на ПСЖ по 22 минати кола го загубија вториот меч во првенството и тоа од Лион кој сега е на -8 на втората позиција. Головите кој од кој поубав. Одиме со ред.

Девојката со знаменцето

Во ситуација на тотална немоќ против Шпанците кои удираа од сите страни, една девојка ја отслика состојбата на теренот и трибините.

Ако ја победиме Чешка, ќе се јадеме со Данска за полуфинале

И покрај тешкиот пораз од Шпанија, Македонија ги задржа шансите за тоа можеби преоптимистичко полуфинале за кое сите зборуваат, небаре борбата за петто место не е одличен успех.

Митревски vs Душебаев

Никола Митревски беше нашиот најдобар поединец на вечерашниот дебакл против Шпанија. Тој влезе во второ полувреме и успеа да стигне до фантастични 14 интервенции кои не беа доволни за барем да се намали победата на Црвената Фурија. Алекс Душебаев најмногу ја почувствува на своја кожа неговата одлична форма.

Потоп на Македонија

По три перфектни кола без пораз, македонската ракометна репрезентација ја започна втората групна фаза на најлош можен начин. Пораз од 11 голови разлика, оддалечување од сонот наречен полуфинале за кое сè уште имаме шанси и повреда на Кире Лазаров.

Сергеј Милинковиќ Савиќ е играчиште

Италијанскиот весник Кориере дело Спорт пред еден месец излезе со шокантна насловна страница, дека ПСЖ за српскиот репрезентативец нуди лудачки 170 милиони евра. СМС има само 22 години и е веќе еден од главните играчи во тимот на Лацио. Освен што владее со топката и дели топки со очи, дава голови за најавните шпици.