Што им направи бе дете?

Во Доха се игра Интерконтинентален Куп за играчи до 17 години, а меѓу екипите кои учествуваат се Милан, ПСЖ, Тотенхем и Фенербахче. Внимавајте што дриблер извади Бенфика. Се вика Хуго Нунес, роден 2001-ва. Малиот до толку ја сотре одбраната, што му дојде наплив на емоции кои го соборија да легне на земја.

22 јануари 2018 - 12:25