Offside

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Роналдо извади мобилен на терен

Реал Мадрид и го истури бесот на Депортиво Ла Коруња со 7:1. Двоен стрелец на средбата беше Кристијано Роналдо кој при еден дуел заработи исекотина на лицето која сакаше да си ја види како да е на фризер.

Што се запнал Конте за Керол и Крауч?

За екипите на Конте напаѓачите се поважни од било кој друг. Ако во другите клубови учинокот на центарфорот се оценува по головите, во тимот на Конте напаѓачот во принцип одговара на прашањето „Игра ли екипата добро“?

Командантот и неговата армија

Без челична дисциплина за играчите, Шпанецот ја предизвика најголемата можна одговорност на момците каде и да се појави. Како што зборуваат во Вардар, ако Раул “завладее“ со соблекувалната на париските милионери, ниту Голден Стејт нема да може да ги спречи.

Пеколни горештини на Australian Open, тенисерите едвај стојат

Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.

Како изгледаше дебито на малиот Паоло Малдини

На денешен ден во 1985 година, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња Паоло Малдини дебитирал за Милан. На мечот против Удинезе, 16-годишниот бек влегол како замена после првото полувреме и многу им помагал на големите Гали и Барези во одбраната. За 45 минути поминати на теренот со Паоло во тимот, Милан не примил гол.

Со цела артилерија и со вадење ножеви од шорц против Шпанците

Како што кажав пред ЕП дека клучен меч е со Словенија и сега тврдам, ако сакаме да играме полуфинале првата утакмица со Шпанија пак е клучна.

Што се случува кога навивач на Челси ќе влезе на терен

Челси едвај, на пенали го совлада Норич на реваншот од англискиот ФА Куп откако првиот меч заврши 0-0, а вториот 1-1. Во 121’ минута од судиското продолжение Мората доби црвен картон поради глума, па еден бесен навивач влезе на терен да се пресмета со судијата. Тогаш Швајцарецот од Норвич Тим Клосе му најде нешто по пат и му го врати.

Меѓу Чешка и Данска ќе нема време да се здивне

Првата позиција на табела на Македонија и донесе привилегија следниот меч да го игра дури во недела вечер и со тоа да одмори три дена во Вараждин, но потоа следува пеколно тежок распоред од кој нема бегање.

Себичниот однос на Нејмар

Фудбалерите на ПСЖ синоќа го попарија Дижон со 8:0, а Нејмар и покрај тоа што даде 4 гола заработи свирежи од своите навивачи. Во 83-та минута на 7:0 судијата свирна пенал, а Нејмар одма се излакоми да го шутира. Сè ќе беше ок, ако му го отстапеше местото на Кавани на кој му фали само еден гол да го мине Ибрахимовиќ и да стане најдобар стрелец во историјата на клубот.

Кире: Столе има срце како планина, него сè му е дозволено

Македонската ракометна репрезентација е во друштво на четирите великани Франција, Шпанија и Шведска кои завршија лидери во своите групи, па не треба да не чуди што за успехот на нашите јунаци се интересираат и новинари од регионот.

Германциве се прави Македонци

Баталете го сега тоа вашето Дојчланд Дојлчанд, читајте тука што пишува и пејте по мене. Бидете среќни што не изгубивте, инаку и македонската химна ќе ја пеевте.

Една е мајка, Борко најдобро знае

Откако со 12 одбрани беше најзаслужен што Македонија ремизираше со европскиот шампион Германија, Борко Ристовски го прими големото признание и веднаш отиде да ја прегрне мајка му која го бодреше од првите редови.

И фудбалерите нè израдуваа

Додека трае ракометната треска со јунаците на Раул Гонзалес, добри вести стигнаа и за македонската фудбалска репрезентација која се најде на позиција каде што не била 8 години.

Судискиот превид - фаулот над Миркуловски за исклучување

По секоја логика фаулот на Германецот Јаник Колбахер на минута и нешто пред крајот беше за најмалку 2-минутна суспензија, но судиите не досудија ништо.

Ечи Бисер балкански од соблекувална

После победа против Словенија (трети на СП 2017), па Црна Гора и на крај реми со Германија (европски првак во 2016-та), ништо помалку не треба да изгледа славеничката атмосфера на нашите јунаци кои прават партали во Загреб.

Најубавиот гол на првенството е дело на Столе

Ај што се носевме рамо до рамо со големата Германија цел меч, а на моменти бевме подобри и ги водевме, туку и си игравме со нив со атракции. Прво со двоен цепелин, а потоа и со ремек делото на Столе кој потсети на еден гол на Индира Кастратовиќ

Последниот тајм аут на Македонија е врхунски

Во драматичен натпревар до даска на кој имаме последен напад да го урнеме актуелниот европски првак, Кире предлага да финишираат со цепелин. Раул одма го пресече и му вели: Знаат сите, а потоа Столе царот го прави најјакиот можен муабет.

Страшниот двоен цепелин на Лазаров и Георгиевски

Македонија предводена од Ел Команданте Раул игра врвен атомски ракомет и со големи три бода оди во следната фаза. Вечерва и актуелниот европски шампион Германија на своја кожа го почуствува нашиот најдобар рецепт.

Јуначка игра за реми на Македонија со европскиот шампион

Во последното коло од групата Ц, нашите најдобри ракометари ремизираа 25-25 (11-12) со актуелниот европски првак Германија и со три бода одат во следната фаза.

За Словенците Начевски е крив што лошо им судат

Словенечките медиуми не можат да се помират со некои спорни судиски одлуки на нивна штета. Целата јавност од оваа земја гласно бара од своите репрезентативци денес да се појават на паркетот со Црна Гора ама да бидат статисти и така да заврши целата лакрдија. Словенечкиот портал Ekipa24.si оди до таму што во архивата ископале видео на кое Вујовиќ како тренер на Вардар се степа со судијата Ѓорѓи Начевски за време на едно дерби со Металург во Скопје. Според нив, наводно сега татко му на Ѓорѓи, Драган, којшто ги делегира судиите му враќа вака на Вујо.