Според најновата ранг листа на ФИФА, Македонија е 73-та фудбалска земја во светот, а тоа значи дека напреднала три позиции во однос на минатото рангирање во месец декември.
Ова е одличен резултат после убавата игра и историската година на избраниците на Мрме кои 2017-та ја завршија со само еден пораз, оној од велесилата Шпанија. Уште позначајно е што лани во март тонеа на 166-та позиција.
Со овој налет, Македонија избега на рангот на ФИФА од друштвото на фудбалски аутсајдери, но може уште погоре. Пред нас се Замбија, Мали, Кина, Финска, Еквадор, Хондурас...
На врвот нема промени. Лидер е Германија, а во топ 10 остануваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.
На 24 јануари во Лозана ќе се влече ждрепката за Лигата на нации која стартува во септември оваа година, а нашата селекција ќе ги дознае имињата на трите противници во Лигата Д преку која ќе брка пласман за СП 2020.