Offside

Откако шампионската титула минатата сезона замина на Истокот, кој генерално беше поконкурентен, Западот ќе се обиде да ги врати шампионските прстени таму каде што, историски гледано, шоу-тајмот или атрактивната игра, секогаш ималa предност пред прагматизмот, кој е карактеристичен за Источната конференција.

Недопирливиот Дани Алвеш

Капа доле за кариерите на Пеле, Марадона, Ди Стефано, Пушкаш, Кројф, Еузебио, Герд Милер, Малдини, Меси, Роналдо, Зидан, Роналдо и компанија. Сите вие сте кралеви на фудбалот, ама не можете да се носите со Дани Алвеш, барем во еден параметар.

Има ли во Македонија расизам?

По запрепастувачките коментари на сметка на неодамнешното засилување на ФК Вардар, Камерунецот Битанг, сега и најдобриот кошаркар во македонското првенство Американецот Гинјард се пожали дека во Скопје го навредувале на расна основа.

Кога Меси сфати дека треба да ја спасува Барса?

Додека трчкараше покрај аут-линијата за да влезе загреан во игра, Аргентинецот го виде Колумбиецот Бака како се радува на новиот гол за Севиља.

Јунакот на Атлетико Мадрид со атлетски спринт

Атлетико Мадрид славеше 1:0 на мечот со Депортиво Ла Коруња, а најголемата заслуга за тоа што мечот можеше многу лесто да заврши реми, оди кај Лукас Фернандез кој велат дека трчал со 34 км на час. 

Највозбудливиот дриблинг од македонското „Ел Класико“

Пелистер и Вардар одиграа меч за заборав и тоа е далеку од големо дерби како што беше порано. Досадата од фудбал која заврши 0:0 на крајот ја разби еден навивач кој го доби дуелот еден на два.

Ефектот од дебито на Златан на Јутјуб

Од 36 годишен напаѓач по некоја логика не треба да се оди со преголеми очекувања дека може допрва да прави големи работи, ама ако тој се вика Златан Ибрахимовиќ тоа не важи.

Неверојатен слободен удар од пола терен

Галатасарај го совлада Трабзонспор со 2:1, а гостите го ублажија поразот со голот на сезоната во турското првенство. Поранешниот фудбалер на Милан Јуреј Кучка изведе слободен удар од паркинг како да е најнормална работа, а Муслера се испостави дека не е спремен за вакви шокови во судиско продолжение.

Збирка поезија во англиското фудбалско подземје

Бекот на Вокинг, Џо Џонс стана анти-херој на сезоната во англиската петта дивизија. При резултат 2-2 против Маклесфилд, во 94’ минута топката отиде кон празниот гол и Џонс се помири дека влегла, ама...

Барса топ не ја бие, го сочуваа патот кон новиот рекорд

Реал Сосиедад на времето не изгубил 38 меча во Ла Лига: 6 во сезоната 1978/1979 и дури 32 меча во сезоната 1979/1980 кога забележал 20 победи и 16 нерешени. Страшната серија им завршила на „Рамон Санчез Писхуан“. На 11 мај 1980 година Севиља го победила Сосиедад со 2-1.

Како Бонучи го прослави голот против Јувентус

Леонардо после седум години во дресот на Јуве синоќа даде гол против поранешниот тим и тоа во улога на капитен на Милан. Во 27’ минута од мечот Бонучи го израмни резултатот на 1-1 и ја прекина рекордната серија на Јувентус и на Џиџи Буфон без примен гол.

Најјакиот гол во кариерата на Сидорф

Легендарниот играч на Милан кој една деценија настапуваше на Сан Сиро има здрвено многу голчишта од далеку, ама овој топ што го испука во дресот на Реал Мадрид против Атлетико од скоро пола беше нереален и за Роберто Карлос. Среќен 42-ри роденден за единствениот играч кој има освоено ЛШ со три различни клубови: Ајакс, Реал и Милан.

Со првите два удари на дебито во САД Ибракадабра направи лудачки пресврт

Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.

Салах добил милион гласови на претседателски избори

Не е непознато и кај нас на избори под имињата на кандидатите да се допишуваат Мики Маус, Чак Норис или Спајдермен, но во Египет народот непосредно покажал во кого има голема доверба.

Табелата во Серија А ама без најважните судиски грешки

Италијанските медиуми стално се оптоваруваат со работата на судиите и секоја сезона објавуваат табели тргајќи ги настрана оние апла судиски утки кои влијаат на конечните резултати. Јуве и Наполи и во таква ситуација би останале во борба за титулата.

Гатузо во улогата мој, мој преку мој

Со пет победи по ред во Серија А, Џенаро Гатузо го освежи Милан и го приближи до местото кое води во Лига на шампиони. Од управата најавија дека ќе му го продолжат договорот, а на пресот пред мега-дербито со Јувентус, новинарите по којзнае кој пат го закачаа за договорот па му пукна филм.

Буфон и парадата на грчкиот кошаркар

Се вика Џанулис Ларенѕакис, има 24 години и игра за АЕК Атина. На мечот од кошаркарската Лига на шампиони против Стразбур, грчкиот кошаркар направи парада на која и се чуди и најдобриот голман на сите времиња.

Мурињо до Пандев: Ако потпишеш за Интер ќе ја сменам формацијата

На 4 јануари 2010-та година Горан Пандев потпиша договор со Интер за годишна плата од 3 милиони евра. Поради силната конкуренција не верувал дека ќе добие толкава минутажа, но кога ќе вети Жозе ветено е.

Малите ниски кошаркари кои забиваа како ѕверови

Да, уште од времето прв на памет ни паѓа Магзи Бокс, ама одразот со кој Спад Веб и Нејт Робинсон скокаа и виткаа обрачи беше нереален. Сега во Колеџ лигата во САД имало некој Џуниор Робинсон што куца како да е Суден ден.

Пусти страв лозје чува пред Светско

За разлика од претходните Светски првенства 2010 и 2014 во Јужна Африка и Бразил каде илјадници Англичани патуваа да ја бодрат својата репрезентација, овојпат за Русија нема претерано голем интерес за карти. Зошто така?

Кога Грег Поповиќ за прв пат ги гледал Дивац, Кукоч, Раѓа и Паспаљ

Славниот тренер на Спарси е познат по тоа што сака да соработува со странски кошаркари, а сега објаснува како се почувствувал кога за прв ја видел најславната кошаркарска генерација на Југославија на едно место.

Колумбијка упадна на терен за Хамес и стана ѕвезда на интернет

За време на пријателската меѓу Колумбија и Австралија на стадионот на Фулам во Лондон, една од навивачките се протнала меѓу редарите и влегла на терен за да се слика со својот миленик Хамес Родригез.