На претседателските избори во Египет, фудбалерот на Ливерпул добил најмногу гласови по новиот-стар претседател Ел-Сиси.
Абдел Фатах ел Сиси повторно е избран за претседател. Тој на изборите се тркал како самостоен кандидат. Ел-Сиси кој пред пет години го предводеше воениот удар против демократски избраниот претседател на Египет Мохамед Морси, овојпат освоил околу 97,11% од гласовите на изборите.
Целата изборна атмосфера поминала во сенка на апсењата на некои опозициски претставници, но и во сенка на бојкотот од другите кандидати кои соопштиле дека се повлекуваат од изборната трка поради нееднаков третман.
Ел-Сиси и во 2014-та година организирал избори и тогаш исто славев убедлива победа со 97 посто од гласовите иако бирачите тогаш не биле толку расположени да одат на гласање како сега па се појавиле само 47%.
Формален противкандидат на Ел-Сиси му бил Муса Мустафа Мусу, лидер на партијата „Ел-Гад“ која што му пружила поддршка на Ел-Сиси за време на кампањата. Муса добил само 2,89% од гласовите.
Изненадување во целата приказна е што голем број гласачи ги прецртувале сите кандидати и го допишувале Мохамед Салах - медиумите од Египет пренеле дека преку милион ливчиња биле неважечки а нив стоел заокружен Мохамед Салах.
На крајот Ел-Сиси добил 21.540.185 гласови, Муса Мустафа 641.982 а околу 1.449.682 гласачки листови биле прогласени за неважечки.
Инаку Салах попладнево по којзнае кој пат му донесе победа на Ливерпул и го постигна својот 37 гол во сезоната. „Црвените“ победија 1-2 на гостувањето кај Кристал Палас иако губеа со 1-0. Мо Салах е воедно и најзаслужен што репрезентацијата на Египет ќе игра на едно Светско првенство после цели 28 години.