Само 5 од вкупно 20 италијански прволигаши се свое на своето или со онолку бодови колку што и треба реално да имаат, ако не се прават сериозни судиски грешки. Тоа се Аталанта, Џенова, Киево, Спал и Верона.
Кај сите останати судиските грешки влијаеле или некој да им некој бод плус или минус.
“Најнаграден“ е Милан со 6 бодови кој без нив наместо на 6-та би бил на 8-ма позиција. Потоа следуваа Јувентус и Болоња со по 3 бода повеќе. И без тие 3 бода Старата Дама би останала на челната позиција.
Најоштетен е Лацио на кој му се “одземени“ 4 бода со кои би бил две позиции погоре или поточно на местото на градскиот ривал Рома.
ВАР за сега не функционира најдобро или судиите не знаат добро да го користат.
Најмногу поплаки на таа тема меѓу тренерите имаше токму Симоне Инѕаги, додека спортскиот директор на Лацио јавно излезе со обвинување дека на Лацио сезонава со судиски грешки му се одземени 12 бода.
Фудбалер на Киево имаше специфична гестикулација на мечот против Јувентус во контекст на судиските кражби.
Ова е таа табела, каде во првата колона се бодовите без судиските грешки.
А вака изгледа моменталната табела во пресрет на денешното 30-то коло во Серија А.