Златан Ибрахимовиќ ниту на сон не можеше да посака ваков дебитантски настап во МЛС лигата за неговиот нов клуб Лос Анџелес Галакси за кој потпиша на 23 март.
Вечерва се играше дербито меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФЦ на кое гостите прокоцкаа предност од 0:3 која ја имаа до 48-та минута.
Себастијан Летгет и Крис Понтиус во 61-ва и 73-та минута ги вратија надежите барем за бод на овој натпревар, но кога го имаат Ибра кој им дојде на 36 години ништо не се знае до крај.
Влезе во 71-ва минута и по само 6 минути фудбал на американско тло постигна голчиште за 3:3.
AMAZING.#zLAtan#LAvLAFC https://t.co/xyk78K6xSr
— Major League Soccer (@MLS) March 31, 2018
Но тоа не беше сè од него. Во судиското продолжение довчерашниот ас на Манчестер Јунајтед направи целосен пресврт за победа на Галакси на градското дерби.
You couldn't write a better script.
— Major League Soccer (@MLS) March 31, 2018
ZLATAN. STOPPAGE TIME. 4-3. #LAvLAFC https://t.co/9ya60MdXk6
Тоа е тој податок на царот
2 - With his first two shots for @LAGalaxy, @Ibra_official has netted his first two @MLS goals. Lethal.
— OptaJack⚽️ (@OptaJack) March 31, 2018