Пред само четири дена приреди врвен театар и наместо да се поправи, ја оплеска. Лос Анџелес Галакси имаше пенал во 97-та минута против Канзас и тоа при резултат 2:2. Мексиканскиот напаѓач шутираше за хет-трик и победа, но се посрамоти за сите пари. Инаку токму од пенал израмни во 88-ма минута, но испушти да биде херој.