Лос Анџелес Галакси да не го купеше Ибрахимовиќ, 100% ќе немаше толку публика и забава на стадион. Дечкото има 37 години, ја почна втората сезона во МЛС лигата и во моментов има вкупно 25 на 29 натпревари. Па зарем може ли некој подобро на тие години?
Додуше и двата гола ги даде од пенал, ама него и од пенал кога го гледаш е спектакл за очи. Првава ја удри душмански и џабе се џитна голманот, а втората мангупски.
Сакаш да ти ја шутнам по земја?
Не ја фати по земја. Ај вака да пробаме
А ова ако влезеше ќе го вртеа 10 сезони на најавна шпица. Му се сврте на голманот со муабет: Волкави муда имаш
Пред неколку дена раскажа за фрките пред дебито во МЛС лигата