Златан на фудбалските терени во САД ја живее својата втора младост, а Лос Анџелес Галакси со неговиот ангажман го добија најкорисното можно решение во нападот.
Кој би рекол дека овој човек е ветеран, кога игра и дава голови како да има 36, а не 26 години.
Ибра е само четири месеци во МЛС лигата, а веќе има извонреден учинок од 15 голови на 17 средби. Тој го постигна првиот хет трик за Галакси и со пресврт му донесе победа на својот тим против Орландо Сити од 4:3.
Гостите имаа водство дури три пати на овој натпревар, ама што фајде од тоа кога за противник го имаш Ибракадабра кој им збрца три комада за само 25 минути.
Неодамна го постигна својот 500-ти гол во кариерата. А ако не сте виделе како дебитираше во САД, клик тука.