Кошаркарскиот клуб Работнички ја игра можеби најдобрата сезона во клупската историја откако на 23 натпревари има 23 победи во домашното првенство.
„Центарци“ како ретко кога погодија со засилувањата од странство, па така Американецот Маркус Гинјард е најзаслужниот за неверојатната рекордна серија.
Нема средба на Работнички а Гинјард да е под 15-20 коша и да е најдобар поединец на мечот. Покрај одличните партии, Американецот е и редовен гостин на многу културни манифестации во Скопје, а неколку пати се појави и на хуманитарни собири.
Но синоќа на својот профил на Инстаграм објави дека група млади луѓе го навредувале на расна основа во центарот на градот:
„Благодарност до групата македонски дечки кои вечерва ме следеа и испуштаа мајмунски крици и ме нарекуваа nigger. Ви благодарам што ме потсетивте дека уште се плашите од мојата прекрасна црна кожа“, напиша Гинјард кој доби голема поддршка од навивачите на Работнички.
Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема информација дали е отворена истрага за целиот инцидент во кој е вклучен кошаркарот кој прифати да игра за Македонија но поради административни пречки не доби македонски пасош.
Сево ова доаѓа по дебилните коментари на веста на зимските подготовки дека ФК Вардар ангажирал фудбалер од Камерун: