Offside

Одличниот Фермин Лопез кој е права ѕвезда на Басрса, има убава традиција, после натпреварите во Андалузија да ја бара баба му по трибините со погледот, да пријде и да ја изгушка. Така беше и по натпреварот во Севиља каде Барселона победи 1-3, а Фермин ја гушкаше баба Лоли која живее во селото Ел Кампиљо близу Севиља.

Фудбалска поезија Т`га за Питу

Се вика Таки, од Крушево е, навива за Лацио и ни испрати едно фасцинантно ремек дело сработено заедно со свој другар, излезено во средношколскиот весник на училиштето „Наум Наумовски Борче“ во 2002/2003. Ц-А-Р-Е-В-И.

Марсело пак со Марсело трик

Ти му ја подаваш тој чуда прави со топката. Не бе не е тачен.

Дали веќе ја имаме фотографијата на Мундијалот?

Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.

Како се славеше победата на Русија во Москва

Русија - Саудиска Арабија 5:0, тоа видовме, ама не сте виделе кој сè славеше после по улици. Зема да свири бе, права навивачка.

Пукна петарда на стартот на Мундијалот

Домаќинот Русија го отвори Светското првенство како вистински газда со висока победа над Саудиска Арабија со 5:0. Ајде вака нека е со голови цел Мундијал.

Свечено отворен Мундијалот 2018 во Русија

Дојде и тој ден после четири години чекање, квалификации, борби, дуели, табели... Започна Светското првенство во фудбал.

Матео Ковачиќ ни даде добра причина да навиваме за Хрватска

Реал ѝ го украде на Шпанија селекторот Лопетеги а во меѓувреме фудбалерите на „кралскиот клуб“ даваа кратки пораки зошто би требале да навиваме за нивната земја.

Кадрите кои сигурно ќе им има и во Русија

Пратењето на фудбалската топка не е единствениот приоритет на камерманите. Тоа го знаеме ние, а го знаат и тие кои ќе снимаат. Исто така битно е во режија да бидат сконцентрирани за да добиеме што поубав пренос.

Најлошото отворање на Светско првенство

Промашениот пенал на Роберто Баџо е симбол на САД 1994, ама не го промаши само он цел гол. Во минута и кусур ѕирнете го отворањето од тој Мундијал на кое легендарната пејачка Дајана Рос добива сосема погрешна задача. 

Колку беше лесна или тешка за предвидување групната фаза на СП 2014

Фаворитската улога не е гаранција за успех, туку победува оној кој ќе одигра подобро или ќе има повеќе среќа. Ако ви се избледени сеќавањата од пред четири години ќе ве потсетиме само како минаа Шпанија, Италија и Англија на прошлото Светско, а не дека и Хрватска и Португалија беа задоволни.

Стариот добар Џеј-Џеј Окоча прави шоу во Русија

За него еднаш Роналдињо кажа дека е единствениот кој имал повеќе дриблинзи од него. Нигериецот не направи којзнае колку богата кариера ама им остана во сеќавање на сите носталгичари кои ги поздравува од фан зоните во Москва.

Најсмелиот претседател на федерација кој го избрка селекторот пред Светско

Рубиалес во кариерата играл за неколку второлигаши а во еден момент сфатил дека повеќе му лежи да биде адвокат и менаџер по што тргнува во голем поход.

Германците овој пат во Русија дојдоа со подароци

На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.

Додека некои голмани киснат по кафани, исландскиот е врвен режисер

Пред секој голем спортски настан Coca-Cola традиционално снима реклами поврзани со некоја од земјите учеснички. Исландското видео за Светско е врвно а го режирал голманот на оваа репрезентација.

Фризерот од Нови Сад кои прави чудесни фризури со ликови на фудбалери

Се вика Марио Хвала и работи во еминентен фризерски салон во Нови Сад. За него пишуваа најреномираните европски медиуми затоа што човекот прави несекојдневни фризури. Жените кај него плаќале и по 120 евра за свечени фризури.

12 правила по дома за време на Светското првенство

Жени вака сега или еве да не се налутат, невљубеници и невљубенички во фудбалот. Од денеска во следните месец дена планираме јако да се бетонираме пред телевизиор, а тоа значи целосно разбирање од ваша страна и повеќе празен простор во фрижидер за складирање на пиво. Почнува.

Навивачите на Перу веќе го отворија Светското

Отворањето на Мундијалот е закажано за 17 часот кога први ќе заиграат домаќинот Русија и Саудиска Арабија. Ама навивачите на Перу се нестрпливи и веќе им работи адреналинот. Во ситуација кога во својата земја не можат да плешат фудбалче на јавен простор бидејќи многу им било украсено, царевите си направија голчиња на плоштадот во главниот град на Русија. То бе ѕверови.

Историјата на Мундијалите во одлични 90 секунди

Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија, Аргентина, Франција и Шпанија. Тоа се единствени осум земји кои од 1930-та до денес почувствуваа што значи да се освои златниот пехар на планетарниот фудбалски собир. Историскиот миг со сите досегашни прваци го имате во еден пресек.

Македонија се пласираше на Светско првенство!

Најдобрите македонски ракометари ја сочуваа големата предност од Скопје (32-24) и по шести пат (четврти пат во низа) обезбедија пласман на Мундијалот во Германија и Данска на почетокот од 2019.

Збор-два за секоја репрезентација на Светското

Дојде и тоа што го чекавме четири години. Месец дена ќе уживаме во најдобриот фудбал на светот. 32 репрезентации собрани на едно место ќе покажат што знаат. Да ги запознаеме.

Како Гундоган и Озил со слика со Ердоган ја разбудија германската десница

И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.

Фернандо Јеро ќе ја води Шпанија на Светско првенство

Легендарниот капитен на Реал Мадрид кој неколку години работи во шпанската фудбалска федерација и официјално е назначен за заменик на сменетиот Хулен Лопетеги.

Топ 10 слободни удари во Шпанија: 1. Меси 2. Барди

Кој би рекол дека еден ден ќе има македонски репрезентативец во тесна листа на најатрактивни 10 голови од слободен удар во една од најквалитетните лиги во светот, Ла Лига. И тоа пазете не еден, туку два гола избрале од него и уште три од Меси. За Енис Барди се резервирани седма и втора позиција.

Утре почнува Светско, а Шпанија остана без селектор

Шок во таборот на шпанската репрезентација во пресрет на Мундијалот. Фудбалската федерација го отпушти Хулен Лопетеги од селекторската позиција, а за два дена играат против Европскиот првак.