Колку беше лесна или тешка за предвидување групната фаза на СП 2014

Фаворитската улога не е гаранција за успех, туку победува оној кој ќе одигра подобро или ќе има повеќе среќа. Ако ви се избледени сеќавањата од пред четири години ќе ве потсетиме само како минаа Шпанија, Италија и Англија на прошлото Светско, а не дека и Хрватска и Португалија беа задоволни.

ГРУПА А
Позиции според ФИФА ранг листа:
Бразил 11, Хрватска 18, Мексико 24, Камерун 59
Конечен пласман на табела:
Бразил 7, Мексико 7, Хрватска 3, Камерун 0
 
Бразил ја оправда фавористката улога, но Хрватска не успеа и покрај силниот состав.
 
ГРУПА Б
Шпанија 1, Холандија 8, Чиле 12, Австралија 57
Холандија 9, Чиле 6, Шпанија 3, Австралија 0
 
Кој би предвидил ваков дебакл на лидерот на рангот на ФИФА и бранител на титулата. Се соочија со петарда од Холандија, па загубија од Чиле и остварија пирова победа против Австралија.
 
ГРУПА Ц
Колумбија 4, Грција 15, Брегот на Слоновата Коска 17, Јапонија 44
Колумбија 9, Грција 4, Брегот на Слоновата Коска 3, Јапонија 1
 
Како што се наредени според рангот на ФИФА, така завршија и во групната фаза. Колумбија доминантна, а Грција среќна со голот на Самарас во 93-та минута од пенал во директниот дуел за второто место против Брегот на Слоновата Коска.
 
 
ГРУПА Д
Уругвај 6, Италија 9, Англија 10, Коста Рика 31
Коста Рика 7, Уругвај 6, Италија 3, Англија 1
 
Групата на смртта заврши скроз обратно од што се очекуваше, бидејќи аутсајдерите излегоа херои, а поранешните Светски шампиони Италија и Англија си заминаа дома потиштени.
 
ГРУПА Е
Швајцарија 7, Франција 21, Еквадор 22, Хондурас 34
Франција 7, Швајцарија 6, Еквадор 4, Хондурас 0
 
Двете селекции кои беа фаворити обезбедија пласман во нокаут фаза.
 
ГРУПА Ф
Аргентина 3, БиХ 16, Нигерија 33, Иран 44
Агентина 9, Нигерија 4, БиХ 3, Иран 1
 
Меси и бандата ги оправдаа очекувањата и стигнаа до финале, но Босанците и покрај тоа што беа страшен налет во квалификациите го загубија дуелот за второто место од Нигерија.
 
 
ГРУПА Г
Германија 2, САД 13, Португалија 14, Гана 23
Германија 7, САД 4, Португалија 4, Гана 1
 
Избраниците на Јоаким Лев кои во финалето го кренаа пехарот минаа без пораз во нокаут фаза, а Португалија си замина дома поради полоша гол разлика.
 
ГРУПА Х
Белгија 5, Русија 19, Алжир 32, Јужна Кореја 56
Белгија 9, Алжир 4, Русија 2, Јужна Кореја 1
 
Златната генерација на Белгија мина без пораз, но Русите не успеаа да врзат ниту една победа, а тоа значи правец дома.
14 јуни 2018 - 14:40