Иако пред само 21 ден Лопетеги потпиша нов договор со шпанската фудбалска федерација кој важеше до 2020. година, претпладнево на прес конференција првиот човек на шпанскиот фудбал соопшти дека Лопетеги добил отказ.
И тоа на само два дена пред мечот на Шпанците со Португалија во Сочи а подоцна и со Иран и Мароко во групната фаза.
Јеро досега работеше во фудбалската федерација а по отказот на Лопетеги тој и Алберт Селадес фигурираа за наследници на човекот кој без пораз ја однесе Шпанија на Мундијал. За неговото назначување официјално објави и Шпанската фудбалска федерација.
Јеро со години беше капитен на „Кралскиот клуб“ а дресот на “Црвената фурија“ го облекуваше 89 пати со неверојатни 29 постигнати голови иако играше како последен играч во одбраната.
Покрај Реал Мадрид, Јеро во кариерата играше уште и за Ваљадолид, Ал Рајан и Болтон а единствено тренерско искуство му беше краткиот престој во Овиедо.