Offside

Норвешка не жали за елиминацијата во четвртфинале од Англија во 93-та минута. Напротив, слави на големо. Никогаш во историјата не завршила во топ 8 во свет.

12-годишниот Марко го преплива Охридско езеро

Марко Пејчиноски утрово во 10:30 часот влегол во Охридското езеро и за помалку од осум часа при не баш идеални услови поради силен северен ветер, направи херојски подвиг. Ја исплива делницата од Свети Наум до охридското пристаниште. Стотици сограѓани го пречекаа со долготраен аплауз јунакот кој има само 12 години.

Го мразев фудбалот и едвај чекав да се пензионирам

Малку фудбалери успеале да го освојат врвот во кариерата за толку кусо време, но потоа и да се соочат со пад кој никој не го посакува. Овен беше маестрален и споредуван со Роналдо, но кариерата ја заврши во Стоук. Неславно.

Сари пуши ко Турчин

Премиер лигата или ќе му донесе поздрава плуќа и заштеда или пак може ќе му направи “услуга“ како што му направи еднаш Лајпциг, бидејќи Сари во просек издржува само 12 минути без цигара во рака.

Ај па да се нагледаме вакви голови

Викендов паднаа два гола кои конкурираат во трката кој е поубав. Едниот го даде Камило Санвецо во мексиканскиот фудбал, на дуелот меѓу Керетаро и Лобос од слободен удар. А вториот го даде Никола Миленковиќ од Фиорентина против Киево.

Линиски судија кој не знае што крева

Вотфорд и Кристал Палас (2-1) одиграа интересен меч во Премиер лигата, а дуелот беше одбележан и од една чудна одлука на помошниот судија.

Навивачите на Јуве му простија на Бонучи

Едногодишната авантура во Милан и покажувањето среден прст навивачите (веројатно) ќе ги заборават. Лани го сметаа за предавник, но од викендов тој е оној истиот старо нов Бонучи, укотвен до Кјелини во одбраната на Јуве. Лео им се извини по мечот со Лацио, а повратните аплаузи значеа прифатено.

Како спортскиот директор на Лацио избегал од Албанија и миел садови

Иако талентиран за фудбал, Игли не остави голема трага во играчката кариера, ама затоа веќе 10 години одлично работи како спортски директор на Лацио.

Нова романска фудбалска циркузијада

Во најновата веќе кој знае која комична и нелогична епизода од романскиот фудбал е овој фаул направен во втората лига. Најјакото е што тренерот се извини, демек добро крив сум и заслужувам црвен картон. Што значи најнормално е тој да интервенира по потреба.

Убави сцени со семејството Симеоне

Како да беше вчера кога го гледавме Диего Симеоне во Серија А каде ги носеше дресовите на Интер и Лацио. Но времето лета, а на чизмата веќе трета сезона игра неговиот син и наследник. Џовани Симеоне со целосна семејна поддршка од ложата на Артемио Франки од татко му, мајка му и ќерка му. Даде и гол за 6:1 против Киево. 

Хандановиќ и Пеле не доручкувале викендов

Ако треба да се изберат две лоши или најлоши голмански интервенции од колово, веројатно овие се тие. Самир Хандановиќ на мечот Интер - Торино и Јохан Пеле на Марсеј - Рен. Првиов несвојствено за него излета како мува без глава, а вториов беше несмасен. И двете средби завршија 2:2.

Спортинг на Стефан Ристовски има голманиште

Големото дерби на португалскиот фудбал меѓу Бенфика и Спортинг заврши 1-1 и тоа по заслуга на Ромен Сален. Овој 34-годишен голман стана прв избор во Спортинг по заминувањето на Руи Патрисио во Вулверхемптон. Нашиот Стефан Ристовски одигра цел меч и беше меѓу подобрите во својата екипа.

Нивата на која играше Барса во Ваљадолид

Во второто коло од шпанската Примера, Барселона со 0-1 го совлада Ваљадолид на терен каков нема ниту во ниските лиги на нашите простори.

Каква царица е Наташа, даде гол од корнер ама по втор пат

Што чудна (фудбалска) земја ќе бевме. Скоро 30 години не можеме да стасаме до пласман на едно Европско, клупскиот фудбал ни е тиња, женскиот како да не постои, а сепак имаме велемајстори. Прво Аце, а сега Наташа и тоа два пати. Директно од корнер.

Нов гол на Алиоски, Лидс игра фантастично

Езџан Алиоски игра во животна форма под водство на Марсело Биелса. Откако постигна ефектен гол минатото коло, Алиоски денес одново беше прецизен и му донесе на Лидс водство од 0-2 на гостувањето кај Норич.

Фото на денот

Вакви легендарни фотки ретко, ама многу ретко се гледаат. Ве потсетуваме на моментот кога Синиша Михајловиќ ги однесе Адриано и Виери на лесковачка во Белград. Повеќе информации за таа ноќ немаме. Се работи за 2004-та година. Бутаа мрснотии со сосови со сè.

Како изгледаше последната сезона во шпанска лига без Меси и Роналдо

Сезоната 2008/2009 беше последна во шпанскиот фудбал пред појавата на вечниот дуел Меси-Роналдо, но ќе се памети по многу нешта. Баш по многу нешта.

Видео од хет-трикот на Наташа за Барса

Не е лошо кога гледаш наш човек со бројот 10 во Барселона. Кај мажите го носи Меси, кај жените Андонова. Го посрамотија Пардинјес со 9:0 и се пласираа во финалето на шпанскиот куп, а нашата златна девојка постигна три гола и тоа за 13 минути плус нареди две асистенции. Царица е.

Личните успеси на Роналдо ги пишува на плоштадот во Торино

Монотонијата со споменици, стари градби и други разни знаменитости во центарот на Торино е разбиена со еден подолг спортски информативен текст на тема фудбал. Се работи за рекордите и успесите на Кристијано Роналдо за кои туристите не мора да гуглаат.

Најголемиот херој од Охридското езеро

Се вика Марко, има 12 години и кога ќе чуете што ќе прави следниот вторник ќе ви биде глупо ако сте од тие кои се бањаат само во плитко и играат одбојка во вода.

Од кај им тоа на пилотите во Формула 1 да се прскаат со шампанско?

Традицијата е стара речиси 50-ина години а првпат полевање со шампањ се случило сосема спонтано поради тоа што шишињата ги оставиле на силно сонце.

Врвна тренинг вежба во Реал Мадрид

Од страна можеби изгледа како „тешкото“ кое играчите на актуелниот европски првак брзо го совладаа.

Гости без усул

Невообичаен резултатски приказ од шведскиот фудбал со најлошите домаќини или најјаките гости на едно место, како сакате. 

Една овца научила да шутира со глава

Сме виделе куче да пробува да трча по топка без некоја посебна дарба за фудбал, ама овцава комотно може да игра центарфор во некој скромен клуб.

Мајсторски гол на Розенборг против Шкендија

Ќе речеш Норвежани се, не може да бидат ништо посебно во фудбал, ама сепак се многу понапред од нас. Тоа лани го осети на своја кожа Вардар, а синоќа и Шкендија која загуби со идентични 3:1. Исам Џебали од Тунис го даде најатрактивниот гол на мечот, а можеби и на вечерта во плејоф средбите од ЛЕ.