„Се сеќавам кога го видов првиот пат, имаше 13 години и трчаше како кокер по парче згужвана хартија“, така гласи една незаборавна фраза која Сер Алекс Фергусон ја кажа за Рајан Гигс.
Кај легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед поминале стотици и стотици играчи во неговиот четврт вековен стаж на Олд Трафорд, но никогаш не ја криел својата длабока восхит што ја имаше за овој фудбалер. Само за Пол Сколс може да се каже дека го има истото мислење.
Рајан е играчот кој дебитираше во Јунајтед во 1990-та на само 17 години и таму остана цела кариера. Веднаш потоа дебитираше за селекцијата на Велс и стана најмлад играч кој заиграл за својата земја, примат кој потоа му го зема Герет Бејл.
Тоа е истиот играч кој во 1995-та година го постигна најбрзиот гол во историјата на Манчестер Јунајтед, кога по само 15 секунди игра погоди против Саутемптон.
Во 1999-та година го допре врвот на својата кариера кога ја освои Премиер лигата, ФА Купот и онаа незаборавна Лига на шампиони со епскиот пресврт против Баерн Минхен.
Рајан е човекот кој повеќе од заслужено влезе во Куќата на славните на Манчестер Јунајтед.
„Тоа е најсилниот играч со кој сум играл, а јас играв со најсилните“, рече Кантона, еден од оние кои не кажуваат така лесно пофалби за други.
Алекс Дел Пјеро пак ќе рече:
„Само два пати се возбудив кога гледав како некој играч игра фудбал, првиот пат за Марадона, а вториот за Рајан Гигс“.
Каква беше тоа кариера на еден од 25-те фудбалери со над 1.000 настапи, кој освои 13 титули во Премиер лигата. Т-р-и-н-а-е-с-е-т.
Зборуваме за единствениот човек кој ги одигра првите 22 сезони во Премиер, како и единствениот стрелец во првите 21 сезона.
Унијата на професионални фудбалер на Англија и Велс го одбраа во тимот на векот.
Среќен нека е легендо.