Offside

Елена Рибакина славеше двоен триумф на Отвореното првенство на САД. Прво откако се пласираше во полуфинале го презеде тронот во женскиот тенис и ја симна Арина Сабаленка од првото место после повеќе од 90 недели. После ја победи и во големото финале, во три сета: 6:4, 5:7, 6:2.

Контра на годината

Сигурно добро е проучен противникот, направена му е детална анализа за проигрувања на крило и меѓу простор.

Го имаме голманскиот кикс број 1 за 2025-та

Затворете го конкурсот, односно заборавете на сите голмански грешки што сте ги виделе оваа година. Не може никој со голманот на Вестерн Сиднеј Вондерерс. Срамота е да се излетува вака. Зборуваме за клуб кој игра во прва лига, а не со другарите пред зграда.

И со прославите се претера

Замбија извади бод против Мали во Африканскиот Куп на нации, со гол во 92-ра минута, благодарение на голот на Патсон Дака. Но, фудбалерот на Лестер треба повеќе да се радува што е жив.

Во меѓувреме, одиме во албанската трета лига

Чудни работи се случуваат во нисколигашкиот фудбал. И кој знае уште колку не знаеме. Во Албанија на пример, во третолигашка конкуренција, тимот по име Лузи и Вогел 2008 го добил Адријатику 2012 и покрај тоа што половина од екипата не им била на располагање поради неисплатени плати. Имале само 9 играчи на располагање, а згора на сè шести се на табела со 4 победи и 6 порази.

Ајде малку да поуживаме со Роналдињо на мал фудбал

Таков фудбалер како Бразилецот се раѓа еднаш на сто години. Играше додека имаше право задоволство и уживање од фудбалот. Кога освои сè и покажа дека е најголемиот волшебник со топка кој се појавил, воедно стана и идол на Лионел Меси кога овој беше уште мал, Роналдињо реши да ужива малку и во животот не само во фудбалот.

Ножички на денот

Во доигрување за титулата во првенството на Костарика, Алахуеленсе го пречекал Депортиво Саприса и славел 3-1 за вкупни 5-3 и шампионска титула. Ама голот кој за гостите го постигнал 19-годишниот Кенај Мајри е сигурно најубав на сезоната во Костарика.

Познавате ли сега играч од калибарот на Рој Кин?

Силен, строг, пргав, груб...човек со кој тешко се излегуваше во дуел. Но исто така и интелигентен. Знаеше кога да пресече топка во одбрана и кога и како да ја даде во напад. Рој Кин едноставно беше поим за борбеност и пожртвуваност. Нема сега вакви. Или има? Што велите? 17 години - 19 трофеи со Манчестер Јунајтед. Компилацијава ја претставува понежната негова страна. Да не му згазнеш на жуљ.

Ова во Скопје да не е?

Фудбалски натпревар во Сан Марино. Акцијата одлична, голот уште поубав. Нели?

Неверојатната 100-ка на Шеј Гилџес-Александер

Најдобриот тим во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер го совлада Мемфис Гризлис 119:103 а дуелот го одбележи сјајниот ШГА, канадскиот репрезентативец кој стигна до историска бројка.

Нов трипл-дабл на Јокиќ, само три го делат од легендарниот Оскар Робертсон

Со рекордни 24 уфрлени тројки како нов апсолутен клупски рекорд, Денвер Нагетс ја урна Јута Џез 135:112.

Како Салах го израдува цел Египет во 90+1' минута

Почна Купот на Африкански нации, најголемиот фудбалски собир на црниот континент и воедно најголем спортски настан таму. Се игра во Мароко кој прави генерална проба за домаќинството на Светско 2030 првенство кое го има со Португалија и Шпанија. Египет синоќа во дуел од 1. коло го совлада Зимбабве едвај откако на 1-1 во судиско продолжение погоди Мохамед Салах за три бода и огромна радост на „фараоните“.

Каква привилегија, Пирло да те учи слободни удари

Легендата на италијанскиот фудбал кој креваше трофеи и ги изведуваше најубавите слободни удари во дресовите на Милан и Јувентус, од неодамна е тренер на фудбалскиот клуб Дубаи. А таму дојде од турски Фатих Карамгрук каде го пренесе своето знаење за слободни удари. Младиот турски фудбалер Левент Мерчан учеше од големиот Пирло.

Елмас го слави третиот трофеј со Наполи

Наполи ја доби Болоња и го освои Супер Купот на Италија. Голем успех за Елиф Елмас кој стигна до италијанската триплета.

Најголемата кошаркарка на свет - Лејди Шек уфрли 41 поен

За време на дуелот меѓу нејзиниот тим Ајова Стејт Сајклонс и Канзас, 21-годишната Ауди Крукс која се прослави ширум светот со својата габаритност, големина и маса, постигнала дури 41 поен со три асистенции и четири скока за 30 минути. Веќе си го трасира патот до женската НБА.

Петиција за ЕП 2036 да се игра на Балканот

Како ви звучи ова: Европското фудбалско првенство 2036 на Балкан со земји домаќини Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, ама и Македонија?

Навивачите на ЛА Клиперс го зафркавале Дончиќ за дебелина

ЛА Клиперс кој игра катастрофална сезона и има 21 пораз на 28 натпревари, во саботата вечер неочекувано и лесно го совлада големиот градски ривал ЛА Лејкерс.

Прилепска мангупарија од гол во српскиот фудбал

За да се издвои некое голчиште од богатата викенд понуда со фудбал, не мора секогаш да се копа во топ европските лиги. Погледнете како се снајде Андреј Тодоровски на мечот меѓу ОФК Београд и Бачка Топола, во дуел со својот чувар и голманот на домаќините. Ги измами за сите пари. Инаку Тодоровски е генерација 1999-та, роден во Прилеп. Играше четири години за Спартак Суботица, а од сезонава е член на Бачка Топола. Многу умешно одиграно.

Гоце Седлоски и официјално е нов селектор на Македонија

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница одлучи за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, довербата да му ја даде на тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Во Италија паднаа историски брзи голмански црвени картони

Во италијанската Серија А се постави нов рекорд на црвени картони. Во неделата на вечерниот дуел меѓу Џенова и Аталанта, домашниот голман Никола Леали доби директен црвен картон по груб прекршок уште во 3' минута. Исто синоќа во Фиренца голманот на Удинезе Окоје ги остави соиграчите на цедило уште од 6-та минута!

Почна сезона на дождови од плишани играчки

Пред католичкиот Божиќ продолжува традицијата гледачите на терен да фрлаат плишани мечиња, плишани играчки кои потоа клубовите ги донираат кај дечиња со посебни потреби и деца од најранливите категории. Оваа традиција ја има во Канада, најчесто на хокеј и во САД, а стана масовна и на стадионот на Бетис во Севиља.

Најдобриот мајстор за „маказици“ е Мароканец

Триесет и две годишниот Ајуб Ел Каби е еден од оние напаѓачи од стар ков што дава голови во секоја прилика и секаде. Немаше некоја блескава кариера во големи европски клубови. Најголем дел од кариерата го помина во татковината каде играл за Раџа Казабланка, Видад и Беркане. После оди во Турција во Хатајспор. На крајот гнездото си го најде во грчки Олимпијакос каде со неговите голови екипата освои историски пехар во Конференциска лига во 2023/2024, шампионска титула и Куп на Грција.

Радувај се Емери имаш зошто да се радуваш

Шпанскиот стручњак Унаи Емери прави чуда на клупата на Астон Вила. Синоќа ја забележаа 10-та победа по ред во сите натпреварувања. Го урнаа со 2-1 Манчестер Јунајтед и одржаа чекор со водечките Арсенал и Манчестер Сити. Унаи Емери е прав волшебник и со право ја фрли јакната по еден од двата гола на Морган Роџерс.

Хари е немилосрден, двајца ги легна да пасат

Баерн Минхен сезонава се чини ќе се прошета до титулата. По 15 кола има 41 бод и е без пораз со 13 победи и 2 нерешени. Втора е Борусија со 32 бода, па следуваат Баер и Лајпциг со по 29. Кејн прави попара во напад. 19 гола има само во Бундес и вкупно 30 на 25 натпревари. Погледнете го како лесно ги реши двајцава во шеснаесетник.

Пеп Гвардиола: „Ќе ги мерам играчите после Божиќ, кој се поправил нема да игра“

Манчестер Сити лесно со 3-0 го испраши Вест Хем (нови два гола на Ерлинг Халанд) и ја продолжи потрагата по Арсенал кој е прв со два бода повеќе. Пеп Гвардиола после мечот добил новинарско прашање за Новогодишните и Божиќните празници.