34 години од двата култни еврогола па Панчев против грчки Панатинаикос

Во првото дебитантско издание на Лига на шампиони во нов формат по преименувањето од Куп на европски шампиони, на 4-ти март (денешен ден) 1992-ра година Црвена звезда му гостуваше на Панатинаикос во Атина. Нашиот Дарко Панчев тогаш имаше проблеми со грчките цариници кои му замерувале поради македонското потекло и се тетеравеле за неговиот пасош.

Црвена звезда како европски шампион му гостуваше на Панатинаикос во Атина. Долго на натпреварот до 70' минута беше 0-0 а Дарко Панчев го отвори домаќинот токму во таа минута за 0-1. Шеснаесет минути подоцна постигна уште поубав погодок со страшен шут од 30-ина метри под пречка за конечни 0-2.

Интересно токму на овој датум, на 4-ти март денес Црвена звезда слави роденден, овојпат 81. роденден. Црвено-белите се основани во 1945-та година и заедно со Стеауа Букурешт се единствен европски шампион од Југоисточна Европа.

4 март 2026 - 10:07