Гризман ја мајтапи Барселона со една фотографија

Атлетико Мадрид по убедливиот триумф 4-0 во првиот натпревар од полуфинале на шпански Кралски Куп, на реваншот со Барселона спаси жива глава на „Камп Ноу“ и изгуби „само“ 3-0. Каталонците фуриозно се залетаа и за малку не ја стигнаа огромната негатива од четири гола. Гризман веднаш по крајот на натпреварот ги поздрави гостинските навивачи и од соблекувална објави фотографија на Инстаграм.

„Да не е многу тешка фотографијава?“, прашал Гризман за сликата на која се гледа двајца паднати фудбалери на Барса како лежат на тревникот:

Интересно, на 8 нокаут дуели на елиминација против Барселона, Диего Симеоне со Атлетико Мадрид победил 4 пати:

4 март 2026 - 10:27