Евроголот со кој Њукасл го урна Манчестер Јунајтед со играч помалку

Њукасл играше со играч помалку цело второ полувреме откако на крајот од првиот дел беше исклучен Џејкоб Рамзи. На полувреме се отиде со резултат 1-1 по головите на Ентони Гордон од пенал и Каземиро и двата во судиско продолжение. Њукасл во 89' постигна прекрасен гол преку 22-годишниот Данец со африканско потекло Вилијам Осула за огромна победа и злато вредни 3 бода.

Прекината е победничката серија на Мајкл Карик кој не знаеше за пораз откако седна на клупата на Манчестер Јунајтед:

После 29 одиграни кола Манчестер Јунајтед е трет со 51 бод колку што има и четвртата Астон Вила. Њукасл е 12-ти со 39 бода и уште е во игра за место во еврокуповите следна сезона.

5 март 2026 - 09:45