Offside

Баерн Минхен е шампион на Германија, Интер е речиси на пиадесталот, Барса води со +9, ПСЖ ако го добие заостанатиот меч ќе биде на +4. Најкомпликувано и најнеизвесно е на островот.

Каков мајстор беше тоа...

Денес 52. роденден слави легендарниот Џеј Џеј Окоча, некогашниот фудбалер на Борусија Нојнкирхен, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, ПСЖ, Болтон, Катар и Хал Сити. Се прослави во Пари Сен Жермен каде за три години покажуваше раскошен талент. Роналдињо во ведна прилика изјави дека многу од триковите ги научил токму од Нигериецот Џеј Џеј Окоча.

Јанис Антетокумбо уште нема дозвола од Милвоки за Европско

Грчката кошаркарска репрезентација со недели го чекаше својот лидер и капитен, НБА ѕвездата Јанис Антетокумпо да им се приклучи пред Европското првенство кое почнува на крај на август. Тој пристигнал но уште нема зелено светло од НБА франшизата.

Првиот лет на Милер без Ноер после 15 години

Самиот наслов покажува колку долго време играл овој човек во Баерн Минхен. Жива легенда е и тој и Мануел Ноер, кого во видеото го нарекува GOAT. Дестинацијата му е малку неочекувана. Во Ванкувер. Но Томас како Томас, кој следен месец полни 36 години, оди да се забавува.

Луис Енрике: „Тотенхем заслужи да победи“

Шпанскиот стратег ја збогати својата колекција трофеи откако синоќа го совлада Тотенхем на пенали. Англискиот тим кој е актуелен освојувач на Лига Европа, водеше 0-2 до 85' минута. Парижаните се изборија за реми во 85-та и 90+4' минута а после и славеа на пенали.

Од кафана на утакмица а?

Треба да се проверат книгите за водење статистики и рекорди, ама ова треба да е „најдолгиот“ фудбалски натпревар на еден играч. Се изнаигра.

Пет години од незаборавното четвртфинале во ЛШ од 2:8

Се одигра на 14 август 2020 зад затворени врати поради пандемијата. Тоа беше прв пат Барса да прими 8 гола во еден натпревар од 1946 година и само втор пат да прими повеќе од 4 гола во еден натпревар во европските натпреварувања после 1976-та. Распад систем каков што многу ретко се случува на вакви мега дуели.

Малерозен крај на Тотенхем, остана без трофеј после водство од 2:0

ПСЖ под водство на Луис Енрике стигна до трофеј број 4. После првенството, Купот и Лигата на шампионите, успеа да го освои и Супер Купот на Европа.

Пародија е ова или?

Го имаме дуелот на денот кој не сме на чисто дали е производ на неумешност со топка или прекувремено седење во кафана. Да не се двете заедно?

Махериште на колото за 3,6 милиони денари

Едниот систем му е 4/8, а другиот 3/8. За тие што не се разбираат во спортска, X со 4+ e резултатот да биде нерешено со минимум 4 гола или 2:2, 3:3, 4:4...Струмичанецот од двата тикети заедно ќарил 60.000 евра.

Тргнал дриблер да снима видео со Тимо Вернер

Дваесет и девет годишниот германски центарфор играше во сериозно големи клубови како Штутгарт, РБ Лајпциг, Челси, Тотенхем, има скоро 60 настапи и 24 гола за германската репрезентација. Ама ќе се памети по неговите фамозни промашени зицери.

Новото чудовиште во гаражата на Халанд

Дваесет и пет годишниот расен стрелец Ерлинг Халанд не престанува да го задоволува својот апетит за бесни ѕверски возила. Последно во низата кое го купил и со кое го збогатил својот возен-парк е Шелби Супер Снејк Ф-150 камионет, производство на Форд. Овие гиганти се гледаат обично на отворените далечни патишта низ САД, а Халанд дошол со него на тренинг во кампот на Сити во понеделникот.

Лампард во Челзи да ти бил Гестапо со казните

Легендарниот капитен на Челси, во 2019-та беше назначен за тренер на клубот кој го водеше година и пол, без ниту еден освоен трофеј. Фрлите око на листата со казни која им ја скроил на играчите. Пази, 20.000 фунти била казна за доцнење на тренинг, а 10.000 ако задоцниш со пријавување на болест или повреда. Па ова да му го покажеш на македонски спортист, кредит ќе треба да подигне.

Четврти судија тутулебале

После ова, некои викаат, уште сабајле четвртиов судија ќе добие потпишан отказ.

Позната тенисерка губи 3 милиони долари поради екцесот со бебешки плач

За време на исклучително напорниот дуел меѓу најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка и Британката со романско потекло Ема Радукану, кој Белорусинката едвај го доби после повеќе од три часа тенис, се случи еден мал гаф. Имено некоја мајка дошла со бебе на трибините а бебето во неколку наврати заплакало. Радукану се побунила а главната судијка сурово и одговорила: „Да не сакаш да го исфрлам бебето надвор“?

Трагикомичен автогол на Шкендија

Единствениот македонски претставник во европските купови го загуби реваншот со Карабах со убедливи 5:1 во 3. квалификациско коло од ЛШ. Гостите изненадија со предност уште во 10 минута, но до 35 минута примија 4. Само 6 минути после голот, си постигнаа автогол во кој учествуваат двајца играчи на Шкендија. Се селат во ЛЕ, каде ќе играат плејоф меч против Лудогорец.

Баерн има ново дете

Во генерална проба пред стартот на сезоната, Баерн Минхен гостувал кај Грасхоперс и победил 1-2. Еден од головите го дал младиот 17-годишен Ленарт Карл. Прекрасна мајсторија на младиот талент кој играл прва постава и кој е можно да добива поголема шанса во текот на сезоната.

Го паметите ли идолот на Роналдињо?

Легендарниот бразилски фудбалер Џалмиња важеше за еден од најпрефинетите техничари кои ги дала оваа земја, а дала стотици илјади. Џалмиња играше во Фламенго, Гуарани, Палмеираш, кратко и во Јапонија. Се прослави во Депортиво Ла Коруња чиј дел беше во најславните денови кога освоија шампионска титула во Ла Лига и шпански Куп. Со Бразил стигна и до пехар во Копа Америка.

Кореографијата на Делиите на мечот со Лех Познањ

Синоќа се одиграа дел од реваншите од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони. Жозе Мурињо и Фенербахче со 5:2 го совладаа Фејнорд и надоместија за поразот во првиот меч 2-1, па сега ќе имаат уште потежок ривал во Бенфика.  Во следно коло оди и Ренџерс и Каират кој на пенали го совлада Слован Братислава на гости и Копенхаген кој го згроми Малме со 4-0. Црвена звезда по триумфот во Полска против Лех од 1-3, синоќа во Белград ремизираше 1-1 и со вкупен резултат 4-1 оди во баражот каде ќе се сретне со кипарскиот шампион Пафос.

На ваков слободен удар, непотребно се фрла голманот

Кардиф го совлада Свиндон со 2:1 во првата рунда од Лига Купот. Одиме веднаш со голчиштето на Рубин Колвил кој како од топ ја испука топката.

Ама ја опали братов од Ријека

Македонскиот репрезентативец Јован Манев ќе игра плејоф за ЛЕ, откако Ријека го елиминираше Шелбурн од Ирска во 3. квалификациско коло со вкупни 3:4. Хрватите во реваншот славеа 1:3. Внимавајте на голот на Португалецот Тиаго Дантас, кој има два настапи за Баерн.

Јак автогол, нема што

Колку треба да си цар за да си ја забиеш во сопствен гол со глава од 20 метри? Се работи за мечот Америка де Кали - Флуминенсе во рамките на Судамерикана.

Арманд Мондо Дуплантис со светски рекорд број 13

Веќе се не добројуваат рекордите на шведскиот феномен. Беше само прашање на време кога ќе тргне и ќе стигне до висина од 6,29 метри.

Фантастичен гол од 60 метри

Во 6. коло од фудбалската лига на Венецуела, Пуерто Кабељо играл против Универзидад Сентрал. Воделе домашните со 2-0 со втор гол постигнат од пола терен во 81' минута. Стрелец Андрес Понсе. Ама во 90+3-та минута и во 90+9-та минута од судиско продолжение примаат два гола за конечни 2-2.

Голчиштето со кое Руи Коста се одјави од Милан

Кога Фатих Терим во 2001-ва ја напушти Фиорентина за да го тренира Милан, со себе го зема Руи Коста, за кој росонерите искешираа 85 милијарди лири (43 милиони евра), најскап трансфер во тоа време. Португалецот во 5 сезони освои 5 трофеи: Скудето, Куп, Супер Куп, ЛШ и Супер Куп на Европа. Вака му изгледа последниот гол за Милан. Против Бреша во Куп во 88 минута, за победа од 3:4.