По започнување на војната на 28-ми февруари кога Израел и САД заедно од воздух го нападнаа Иран, досега голем број разни настани се откажаа на Блискиот Исток.
Трагична вест стигна од Иран каде била погодена гимназиска сала во која загинале најмалку 20 млади одбојкаркиhttps://off.net.mk/offside/nabrzinka/tragedija-vo-granatiranje-na-uchilishna-sala-vo-iran-zaginale-20-mladi-odbojkarki.
ФУДБАЛ
Женската фудбалска репрезентација на Иран и покрај сè, се појави на терен против женската фудбалска селекција на Јужна Кореја на Купот на Азија кој се игра во Австралија. Корејките победија 3-0 но резултатот на овој натпревар е во втор план по страшните воени случувања во Иран.

Пред два дена првиот човек на Иранскиот фудбалски сојуз на прашање од локални новинари дали машката репрезентација ќе учествува на Светското 2026 на кое играат токму во САД (2 натпревари во Лос Анџелес и 1 во Сиетл), тој рекол дека за сега како стојат работите нивниот настап на Мундијалот е невозможен, но дека ќе се следи ситуацијата.
Во случај Иран да не игра на Светското каде си обезбеди учество со победи на терен, на нивно место би требало да влета селекцијата која заврши зад нив во квалификациите а тоа е ОАЕ.
Во меѓувреме во март се игра и меѓуконтиненталниот бараж во Мексико за пласман на Светско а таму треба да се појави и Ирак.
Фудбалските првенства во земјите од Блискиот Исток се привремено суспендирани на неопределено време.
На 27-ми март во Катар треба да се одржи натпреварот Финалисима кој од скоро го смисли ФИФА како дуел меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион, а во случајов Шпанија и Аргентина. Поради војната овој натпревар најверојатно ќе се одложи затоа што и Катар е инволвирана страна односно Иран таму напаѓа американски воени бази.

ФИФА сè уште не донела никакво решение а Катар ги одложил сите спортски и други културни настани на неопределено време.
Љубители на фудбалот на друштвените мрежи коментираат дека ФИФА би требала да го смени местото на одигрување на овој натпревар затоа што којзнае кога пак ќе има можност да играат Ламин Јамал и Лионел Меси еден против друг.
КОШАРКА
Натпреварот од 21 коло во елитната европска Евролига меѓу Хапоел Тел Авив и Париз кој требаше да се игра на 3-ти март е одложен за понатаму од безбедносни причини.
Хапоел Тел Авив и Макаби Тел Авив ќе се вратат одново во Бугарија односно Србија каде што играа претходниве години додека траеше и конфликтот во Газа. Макаби Тел Авив своите дуели повторно ќе ги игра во салата „Професор Александар Николиќ“, а Макаби Тел Авив веројатно во Софија и во Самоков.
Одложен е и младинскиот турнир „Следна генерација“ во Абу Даби каде требаше да настапат младинските екипи. Натпреварот меѓу младинците на Монако и Арис Солун бил прекинат за време на втората четвртина откако се слушнале првите експлозии во градот.
ФОРМУЛА 1
Пирели решил да ги откаже пред-сезонските тестирања на гуми закажани за Бахреин измиатиов викенд на патеката Шахир поради воени дејствија во оваа земја.
Почетокот на сезоната во Формула 1 е закажан за викендот на 6-8 март во Мелбурн. За сега се затворени аеродромите во Дубаи, Абу Даби и Доха од каде најчесто се патува за Австралија па Ф1 тимовите ќе бараат поинакви солуции за да стигнат таму до стартот на квалификациите и трката.
Околу 2 членови на Ф1 екипите морале да бараат алтернативни решенија и да ги сменат авионските летови за да стигнат на трката за Големата награда на Мелбурн. Некои тргнале од Сингапур а некои преку Хонг Конг, а има и чартер летови од Лондон и Перт.
ОДБОЈКА
Во Дубаи за време на конфликтот се затекнале и некои италијански екипи како повеќекратниот шампион Кунео Волеј кои учествувале на пријателскиот турнир НАС Спорт. Екипата на Чистерна Волеј е заглавена во Дубаи каде одиграла два натпревари но сега не може да се врати дома назад во Италија.
„Со ситуацијата надвор од спортот која не опкружува, нормално е дека одбојката паѓа во втор план. Најважно е што сме доби и на безбедно и екипата и стручниот штаб. Ги смируваме семејствата и навивачите, ситуацијата е под контрола“, рекол спортскиот директор на италијанската екипа, Кандидо Гранде.
ТЕНИС
Рускиот тенисер Димитар Медведев за првпат во својата кариера по втор пат освои еден ист турнир. Тој досега имаше бројни титули на разни турнири и сите му беа во различни градови а сега минатата недела по втор пат ја крена титулата на турнирот АТП 500 во Дубаи. Без борба во финале затоа што противникот Грикспор се предал и не се појавил поради повреда.
Медведев е заглавен во ОАЕ и не може да тргне за САД каде треба да се појави на Индијан Велс кој почнува на 4-ти март. „Примив многу пораки, можам да ви кажам дека сум добар. Чекаме да видиме што ќе се случува во следните часови или следните денови, дали ќе го отворат воздушниот простор“, рекол Русинот за руските медиуми.
Трагедија: во гранатирање училишна сала во Иран загинале 20 млади одбојкарки