Еврогол за најавни шпици на дербито Марсеј - Лион

Олимпик Марсеј ја прекина неверојатната победничка серија на Олимпик Лион која траеше 13 натпревари во сите натпреварувања. Марсеј славеше 3-2 со гол во судиско продолжение на ветеранот Пјер Емерик Обамејанг. Претходно Бразилецот кој дојде од Феенорд Игор Паишао направи мала забава за навивачите.

Сите најинтересни моменти и головите од големото дерби:

После 24 кола ПСЖ е прв во Лига 1 со 57 бода, втор е Ленс со 53, трет е Олимпик Лион со 45, а Олимпик Марсеј е четврти со 43 бода. Тие четири места водат во Лига на шампиони со тоа што четвртиот игра од квалификациите.

Standings provided by Sofascore
2 март 2026 - 07:57