Претседателот на Иранската фудбалска федерација Мехди Таџ во изјава за иранската државна телевизија во Техеран рекол дека една од верзиите во врска со Светско првенство е нивната репрезентација да не се појави таму
„Тоа што се случи денес и со нападот од САД, тешко дека може да гледаме кон Светското првенство, но шефовите за спорт се тие кои мораат да одлучат во врска со тоа“, рекол првиот човек на иранскиот фудбал на прашање за учество на Мундијалот летово.
Од друга страна суспендирано е иранското фудбалско првенство на неопределено време.
Дел од странските спортисти во Иран веќе ја напуштиле оваа земја, а дел се обидуваат да најдат излез, пишува шпанска Марка.