Најсмешниот момент во кариерата на Оливер Кан: даде гол со раце и доби црвен

Вчера се навршија 25 години од смешниот момент. Баерн Минхен гостуваше кај Ханза Рошток во Бундеслигата. Домаќините водеа 3-2 кога во последни секунди од мечот Оливер Кан во противнички шеснаесетник скокна и со раце ја заби топката во гол. Се правеше како да е најнормално ама доби црвен картон. Главен судија на мечот беше легендарниот германски судија Маркус Мерк.

Оливер Кан во тоа време беше најдобар светски голман, а само три месеци после овој дуел со Ханза Рошток стана јунак во финале на Лига на шампиони и на Баерн Минхен му донесе европска титула против Валенсија кога одбрани дури три пенали во пенал серија.

 

 

4 март 2026 - 13:14