Рафаел Ван дер Варт и Весли Снајдер се симбол на едно убаво време за Ајакс и холандскиот фудбал општо. Играа во многу јаки клубови а едно време се најдоа и во Реал Мадрид. Од заедничките дружби со Снајдер кој бил голем мераклија на ноќните проводи, Ван дер Варт има едно сеќавање.
„Еднаш ми се јави една вечер пред натпревар на кој тој требаше да почне од почеток а јас бев резерва на клупа. И си реков: 'Зошто да не'? После 5 минути истегна задна ложа и јас морав да играм уште мамурен 85 минути“.