Offside

Баерн Минхен е шампион на Германија, Интер е речиси на пиадесталот, Барса води со +9, ПСЖ ако го добие заостанатиот меч ќе биде на +4. Најкомпликувано и најнеизвесно е на островот.

Најубавата македонска фудбалерка игра за Љуботен

Се вика Јулија Живиќ, има 24 години, игра во одбрана и по пауза од 4 години направи кам бек во Тетово и потпиша за Љуботен. Има интернационална кариера во Кипар и Хрватска, а има настапи и за сениорската репрезентација на Македонија. Форца Јуле.

4.000 навивачи на Келн во катедрала

Навивачите на Келн имаат ритуал пред секоја сезона, а тоа е да се соберат во келнската катедрала, каде ја испеаа навивачната химна, како молитва за добра сезона. Се собраа во бројка од 4.000 навивачи и тоа изгледа моќно. Бундеслигата стартува петочки со мечот Баерн - Лајпциг, а Келн во недела му гостува на Мајнц.

Љубов на прв допир

Уште не почната Серија А, тој почна да везе. Милан го совлада Бари во првото коло од Купот со 2:0 и толку требаше. Хрватскиот маестро го има на клипови. Прецизност, рационалност, преглед на игра, атрактивни потези. Тоа е Лука Модриќ. Класа играч и на 40 години, кои ќе ги наполни следен месец.

Марадона, Роналдињо и Тоти

Реткост и привилегија е да се гледа видео од тројца фудбалски икони, кои инаку доаѓаат од три различни земји кои заедно имаат 12 светски титули.

Трансфер лудилото во Премиер лигата во вредност од 2,6 милијарди евра

Летниот преоден рок во Премиер лигата е синоним за пари. Многу пари. Пазете, само Барнли, Сандерленд и Нотингем Форест, летово за засилувања заедно потрошиле 460 милиони евра.

Лука Дончиќ тера мајтап дур дели автограми

Сите репрезентации учесници на Евро баскетот 2025 деновиве играат пријателски средби како генерална подготовка за турнирот. Словенија синоќа загуби 100:88 од Летонија на турнир кој се игра во Литванија. Лука Дончиќ претрпе мала повреда но после мечот беше расположен и за мајтап. Едно дете му дало банкнота од 20 евра за да му се потпише а Лука тргна да ја става во џеб.

Дунстер на колото

Дваесет и шест годишниот голман на ФК Теплице од Чешка, Матуш Трмал е малер на колото поради кардиналната грешка која на крај ја направил на гостувањето кај Словачко. Неговата екипа водела 0-1, со негова грешка примиле гол за 1-1 а набрзо во 90+5' минута си дале и автогол за пораз 2-1.

Најелегантните скокови на летото од мостот во Мостар

Во Мостар летово се одржа 459. издание на скокови од Стариот мост. Пред десетина илјади гледачи, победници биле Емел Тире и Евалдо Крниќ. Се скокало во две дисциплини - на нозе и на глава, имало 42 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, од регионот и од странство.

Торцида со бакљи ги гаѓаше своите фудбалери

Хајдук Сплит е негативен рекордер во европскиот фудбал со дури 15 неверојатни испаѓања по ред во квалификации за еврокупови. Сплитските „били“ претрпеа нов срам откако испаднаа од малку познатиот албански противник Динамо Тирана (пораз од 3-1 во Албанија). Синоќа Хајдук Сплит го победил Славен Белупо 3:0 во хрватското првенство а после мечот навивачите прво ги повикале играчите, за веднаш да ги гаѓаат со бакљи, гневни од раното испаѓање од Европа.

Манекени, не бива од фризер на утакмица

Довчерашната гол-машина на Спортинг, Виктор Ѓекереш го реметат на социјалните мрежи дека бил дрво на дебито за Арсенал против Манчестер Јунајтед и дека не се споил со топка. Кој знае каков коментар би дал за клипов Рој Кин и ред други строги ликови од таа фудбалска клапа. Абе 5 саати ја мазни, мислиш на модна писта работи.

УС Опен ли е, рај ли е?

Отвореното првенство на САД ќе стане прв тениски турнир во историјата со награден фонд од 90 милиони долари! Оваа сума далеку ја надминува претходната од 2024-та кога за тенисерките и тенисерите премиите изнесуваа 75 милиони долари (исто рекордна сума).

Моќна промоција на новиот дрес на РК Вардар

Вардар се потрудил за промоцијата на новиот дрес кој ќе го користат во следните две сезони. Го промовираат во година во која слават 65 години од своето постоење, со убави кадри од скопското кале, моќна музика и вклученост на бивши и сегашни играчи.

Во Словенија падна голот на сезоната

Во дербито на 5. коло во словенечката фудбалска лига, Копер на гости ја совлада Олимпија Љубљана со 1-3. Последниот погодок за гостите, дело на Дени Јуриќ кој поднесе кандидатура за гол на сезоната.

Фудбалот не е игра со топка по која трчаат 22 будали

Се игра со нозе, ама треба многу памет. Погледнете ја интелигенцијата и осетот на Крис Вуд од Нотингем Форест. Веднаш штом забележа дека Брентфорд го губи поседот на топката, фати спринт во противничкиот шеснаесетник и потоа рутински ја заврши работата. И искуство е во прашање. Скоро 700 настапи има за клуб и репрезентација.

Даваат ли награда за најубав гол со глава?

Атлетико Мадрид ја отвори сезоната со пораз од Еспањол (2:1). Хулиан Алварез постигна прекрасен гол за гостите, а Пере Мила победнички за домаќините. Со глава од 15-16 метри.

Жиру уште на дебито стана најстар стрелец за Лил

По 38 меча за Лос Анџелес, Оливие Жиру му се врати на европскиот фудбал и тоа дома во родната Франција. Не се осеќаат неговите години кога ќе фати топка во шеснаесетник и дефинитивно е еден од потценетите шпицови. Уште во 11 минута на гостувањето против Брест (3:3), даде гол на дебито за Лил и стана најстар стрелец во историјата на клубот со 38 години, 10 месеци и 18 дена.

Со прекрасен гол го распали „Монументал“

Во новата сезона од аргентинската лига, Ривер Плејт веќе има 3 победи и 2 нерешени средби и со 11 бода е прв на табела. Синоќа со 4-2 го совладаа Годој Круз. По два гола дадоа Себастијан Дриуси и Џулиано Галопо, а еден погодок беше најубав на колото во Аргентина.

И Ред Бул Лајпциг имал коњи за трка

За време на натпреварот од Купот на Германија кој Ред Бул Лајпциг го доби 2:4 на гости кај Сандхаусен, домашните навивачи извадиле парола „РЕД БУЛ СРАЊЕ“. Навивачите на клубот од источна Германија го тргале.

Хулијан Алварез се отвори уште во прво коло

Атлетико Мадрид со пораз ја почна новата сезона од Еспањол 2:1. Но, тоа не го намалува фактот дека Хулијан Алварез постигна прекрасен гол од слободен удар.

Шоу на Кутињо и Васко да Гама, Нејмар плачеше од мака

Васко де Гама немилосрдно го прегази Сантос на гости со 0:6. Издвојуваме две мајстории, едната на Давид Кореа да Фонсека, другата на Филипе Кутињо. Нејмар не можеше да се помири.

Му поништија мераклиски гол на Милер во новиот клуб

Томас Милер за прв пат облече друг дрес, а да не е оној на Баерн Минхен. И веднаш можеше да блесне, уште на дебито за Ванкувер против Хјустон, меч кој заврши 1:1. Но, немаше среќа, бидејќи оној кој му асистираше беше во офсајд позиција. А убав гол ќе беше.

Фина комбинација и атрактивен финиш од слободен со Хулк како асистент

Ова ретко се гледа. Хулк да има слободен удар и да ја подаде. Ама да ти имал другарче во Атлетико Миниеро по име Густаво Скарпа, кое исто така може да се пофали со силна левица.

Ечи Бисер Балкански во сала, одбојкарите одат на Европско

Одбојкарската селекција на Македонија ја оствари целта. Ја совлада Грузија и со тоа обезбеди пласман на ЕП 2026, четврто во низа, кое ќе се игра во Бугарија, Финска, Италија и Романија. Избраниците на Јошко Миленковски триумфираа убедливо со 3-0 (25-13, 25-16, 25-17), а потоа традиционално славеа со „Бисер Балкански“, нивната омилена патриотска песна.

Првиот натпревар на Ливерпул посветен на Диого Жота и брат му

Стартот на новата сезона во Премиер лига е во знакот на трагичниот загинатиот Диого Жота и брат му Андре Силва. Ливерпул ја отвори сезоната пред свои навивачи, победи 4:2 против Борнмут