Ако Иран се повлече од Светско го жртвува и Мундијалот 2030?

На 100 дена до стартот, сè уште е нејасно дали Иран ќе игра на Светското првенство во САД. Земјата од која деновиве претрпува жестоки воздушни напади. ФИФА повикува на обединување.

Foto: EPA

Иран официјално се нема откажано од СП 2026, ниту пак ФИФА или САД му имаат забрането учество.

Според распоредот, треба да одигра три натпревари во Лос Анџелес и Сиетл, против Нов Зеланд (15 јуни), Белгија (21 јуни) и Египет (26 јуни), а интересно до колку се пласира понатаму, во осминафинале постои можност да се соочи токму со САД.

ФИФА оваа недела беше домаќин на тридневни состаноци и работилници во Атланта, кои се однесуваа на организацијата на Мундијалот. Имаше претставници од сите национални федерации, со исклучок на Иран.

„Она што е сигурно е дека по овој напад, не може да се очекува да гледаме напред со надеж во однос на Свесткото првенство“, изјави претседателот на иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, за иранската спортска платформа Varzesh3.

ФИФА ја повтори својата цел да ги вклучи сите тимови. Генералниот секретар, Матијас Графстром, изјави дека нивниот фокус е да има безбедно Светско првенство со сите учесници.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино повика на обединување.

„Се надевам дека ќе биде момент на мир и дека можеме да придонесеме малку да го обединиме светот. Мислам дека на светот навистина му е потребно тоа“, вели Инфантино.

Со ист тон зборува и извршниот директор на Фудбалската федерација на САД, Џ.Т. Батсон.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во текот на викендот ја сподели намерата за безбедно и сигурно Светско првенство каде што ќе учествуваат сите тимови. И ние секако многу го поддржуваме тоа.“, вели Батсон.

Иран хипотетички би можел да побара неговите натпревари да бидат преместени во Канада или Мексико. Но, прашање е дали е тоа изводливо од логистички аспект со оглед на веќе договорените распореди.

Според пишувањата на АП, доколку Иран се повлече, фудбалската федерација на оваа земја покрај тоа што ќе изгуби милиони долари, ќе го загрози своето место на турнирот во 2030 година.

На сите селекции им се гарантирани најмалку 10,5 милиони долари од ФИФА за учество, 1,5 милиони долари за трошоци за подготовка и 9 милиони долари за секој тим кој нема да ја помине групната фаза.

Постојат и казни од ФИФА за повлекување од Светското првенство, кои сега би биле околу 320.000 долари и околу 640.000 долари, доколку некој откаже учество во последниот месец пред турнирот.

Доколку самата ФИФА пак сака да му забрани учество на Иран, како причина се споменуваат контранападите насочени кон учесниците на Светското првенство во 2026 година, Јордан, Катар и Саудиска Арабија.

5 март 2026 - 14:00