Третопласираниот тим во српската фудбалска Супер лига, Војводина синоќа во Купот на Србија едвај се спаси против второлигашот Трајал од Крушевац и победи на пенали. Интересно основниот дел заврши 1:1, домаќините промашија пенал во длабоко судиско продолжение а во пенал серијата голманот на Војводина Матија Гочманац одбранил дури 4 пенали на Трајал!
Војводина е во полуфинале на Купот на Србија каде се уште и двајца второлигаши: Јединство Уб по триумфот над Земун исто на пенали и Графичар по победа на пенали над Мачва Шабац. Денес во четвртфинале играат Нови Пазар и Црвена звезда.