На Јанакопулос му прекипе, симната сликата на Бодирога од салата на Панатинаикос

Панатинаикос го претрпе дури 11-от пораз по ред во Евролига од најголемиот и најлут ривал Олимпијакос, синоќа во салата на црвено-белите „Мир и пријателство“ во Пиреја. Ексцентричниот газда на ПАО и најбогатиот Грк Димитри Јанакопулос бесен на Дејан Бодирога.

Олимпијакос без својот лидер Саша Везенков го совлада Панатинаикос дома 86:80. Незадоволен од судењето на мечот, Јанакопулос побарал од вработените во салата на неговиот Панатинаикос да ја симната сликата на легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога како крева пехар од Евролига.

Бодирога кој во својата кариера освои две европски титули со ПАО, веќе неколку години е претседател на Евролига а незадоволен од судењето Јанакопулос му напиша на Инстаграм на српски јазик: „Срам те било!“ па нареди повлекување на неговата слика од под сводовите на ОАКА Арена.

7 март 2026 - 08:00