Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Откриена е најстарата фотка од англиската фудбалска репрезентација

Додека ние уште абер сме немале држава да оформиме, а не па селекцијата за фудбал, во Англија не само што ја имале, туку и се сликале и ја чуваат фотката. Не историска, на праисториска личи.

Шекил пушта музика во диско во Италија, следна му е Хрватска

Додека трае паузата во НБА, Шек се лади на најубавите плажи на континентот, на Сардинија каде навечер пушта музика во рамки на неговата ди-џеј турнеја. Псевдонимот му е DJ DIESEL и хара по Европа. Следна му е Хрватска.

Мајсторе, фалеше уште резервите и тренерот да ги издриблаш

Во 19-то коло од Кинескаа лига, Чонгжинг и Шангај Ист Азија одиграа 2-2. Првиот гол на мечот, кој го даде домашниот фудбалер Фернандињо Силва, ќе беше потполн само ако се качеше уште во ложа на трибините и ги дрибнеше претстаделот и директорот.

Околу недоумицата Ељиф или Елиф

Македонскиот фудбалски репрезентативец го направи најголемиот и најскапиот трансфер на еден наш фудбалер во историјата. Наполи за него одвои повеќе од 16 милиони евра со што Елмас го сврте вниманието на цела Италија кон себе. И конечно заврши дебатата дали е Елиф или Ељиф.

Најидитоски фаул на летото

За време на пријателската меѓу Севиља и Ливерпул (2-1) на Интернационалниот Куп во САД, Жорис Њањон кој игра за тимот од Андалузија со сета сила го рогна младиот Јасер Ларучи и доби директен црвен картон. После се извинуваше на сите, ама не му пројде извинувањето.

Вака и Наполитанците да спобудалуваат на неговите голови

Турците го следеа што прави и во дресот на македонската репрезентација, а кога го проследија мајсторскиот потег против Летонија пред четири месеци, тоа беше офкање.

Ајде аирлија нов Македонец во Серија А

По сите шпекулации кои траеа со месеци, со една долга листа на десетина клубови во кои го пренесоа, Елиф Елмас конечно го направи трансферот за кој интензивно се зборуваше овој месец. Оди во клубот каде 19-та беше Пандев, а 10-ка Марадона. Со среќа младичу.

Виетнамски начин на нафрлување

Влези во шеснаесетник ќе ти ја нафрлам на глава. Абе влези, не стој. Епа кај си на втора, те немаше?

Полека бе, цела Хрватска ја издрибла

Риека - Вараждин, 6 минута. Тргнува извесен Роберт Муриќ во шеснаетник и се случува слалом ала Меси. Каков слалом, орање нива е ова, одбранава не знаеше кај тера.

Плачки од радост било кога дознал дека ќе игра за Барса

Одиш на одмор и ти јавуваат дека работата е завршена. Во сезоната 2019/2020 и официјално ќе го носиш дресот на Барселона, а партнер во напад ќе ти биде Лионел Меси. И за светски првак од редовите на Атлетико Мадрид ова е врвна вест.

Солунски ПАОК: „Драга УЕФА, следен пат директно дајте ни го Ајакс“

Откако трет пат во само неколку години им паѓа холандскиот шампион Ајакс во квалификациите за Лига на шампиони, луѓето кои го водат твитер профилот имаа интересна порака до сама УЕФА.

Подготовки течат, кичми се кршат

Велат нема ништо фудбал летово, море не да има, зависи кој што сака да гледа. САД повторно е домаќин на меѓународниот летен турнир со 11 екипишта од Европа и една од Мексико, плус низ планетава се играат уште еден куп пријателски натпревари.

Го имаме видеото на денот

Ем доби инструкции, ем никој не му сметаше и плус теренот беше негов. Сè што не може да си замислите дека може да направи еден човек со две леви нозе е во видеово. Огромно благодарам до тој што снимаше.

Најубавата промоција на дрес доаѓа од турско село

Секое лето клубовите ја претставуваат новата опрема за новата сезона. Често тоа го прават со фотосесија од фудбалерите или со некаква друга акција. Tурскиот Трабзонспор се реши за нешто сосема поинаку.

Навивачите на Болоња на молитва за Михајловиќ

И една недела откако соопшти дека е болен од леукемија, Болоња е со мислите кон него. Велат: Синиша за Болоња, Болоња за Синиша.

Епидемија на голови од пола игралиште

По Вејн Руни во МЛС, синоќа и Хари Кејн постигна луд гол од средина на терен и тоа против Јувентус. Нивната „маја“ го фатила и Русинот Денис Макаров од втора лига.

Хобито на Герет Бејл поради кое Зидан беснее и кое му поттикнува повреди

Иднината на Бејл е под прашање: Велшанецот не сака да си оди, Реал е спремен да го продаде за 80 милиони евра, но на Бернабеу не стигнала никаква понуда до сега. Зидан има нешто против Бејл.

Бразилска неколегијалност во ПСЖ

Кога ќе речат играчи поделени во табори, се мисли на вакви работи, иако ова е лајт во споредба со тоа што навистина го има. Плус тука се работи и за јужноамериканско ривалство, како и за докажување кој ќе даде повеќе голови. Ах тие пари што им направија, сега ако го купи некој нека извади не 222, туку 444 милиони.

За автогол од пола терен треба да си талент

Запознајте го Жунињо, ама полека не легендата на Лион, туку една друга легенда од Атлетико Миниеро кој има многу добар преглед на игра кај му се наоѓа голманот. 

Ѓоковиќ ужива на Корчула и пее песни од Оливер

Најдобриот светски тенисер, откако го крена вредниот пехар на Вимблдон, решил да одмори на Корчула во Хратска каде во еден ресторан го запеал и Оливер Драгоевиќ.

Добро од каде сега оваа мода на пенали?

Пет дена поминаа откако анонимус од Гвадалахара, Мексико изведуваше бесни глисти од 11 метри и ете ти сега ново такво глупирање кое очигледно не вродува со плод. Напротив, срамно е ова.

Вардар доби и турбо-фолк химна

Втората европска титула на македонскиот шампион Вардар мотивира и инспирира секого, па така и извесен Влатко Алексовски кој решил да направи своја верзија на легендарната „Шошана“.

Златан, ова твое дете ли е?

Голот познат како шкорпион го усоврши и прослави најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ. Уште во раната младост во шведски Малме давал такви голови, а и подоцна за европските гиганти. Сега во Малме за шкорпион е задолжен Андерс Кристиансен кој така ја погоди мрежата против Сириус.

Тренерот на Динамо Букурешт доживеал срцев напад, па го прекинуваа мечот

Дуелот меѓу Динамо Букурешт и Универзитатеа Крајова во романската лига, на подолго време беше во прекин откако Еуџен Неагое, домашниот тренер се пожалил на помошниците дека не му е добро, па со возило на Брзата помош бил префрлен во болница. Мечот подоцна продолжи, а Динамо изгуби 0-2. Според последни информации Неагое е добар и е надвор од животна опасност.