Offside

Веројатно многу француски навивачи се израдуваа кога видоа против кого ќе играат во четвртфинале на Светско првенство 2026. Но дали се израдувала и полицијата?

Малер на колото за 450.000 денари

Гаѓа 24 утакмици и го заебува само Блекбурн - Стоук 2+. Во 14-ма минута резултат е 0:1, на крај на прво Бојан Кркиќ промашува пенал и не паѓа втор гол.. Па да не се немало милост мајко му стара.

Хјустон постави нов рекорд на постигнати тројки на еден меч

„Рокетси“ погодија 27 тројки од 57 обиди во домашниот убедлив триумф над Феникс и поставија нов рекорд во НБА лигата по број на прецизни шута за три поени.

Тешко ранет, ранлив, но упорен со јуначко срце

Лесно е деновиве да бидеш Меси или Суарез, мајстори кои решаваат мечеви со два потези, ама стави се во кожата на Санти Казорла на кој му ја пресадуваа, буквално од рака на нога. Ама не се дава дечкото, прав борец е и од што го сака клубот плаче поради промашен пенал.

Колешке судијка, ќе се омажиш ли за мене?

Романија 4. лига. Пред натпреварот меѓу клубовите АЦС ЦАО 1910 и ЦС Диосиг, помошниот судија ја фати во офсајд колешката судијка од другата страна.

Во Англија зачестиле уплати за квадрипул, Гвардиола не сака да зборува за подвиг

Со раниот гол на почеток на мечот на Габриел Жезус, и неколку непријатни моменти пред голот на Едерсон, Сити го совлада Брајтон во полуфиналето на ФА Купот и сега го чека уште една битка во финале за освојување нов трофеј сезонава.

Хатем Бен Арфа, дами и господа

Рен одигра 3-3 на гости кај Анжер, а Бен Арфа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите техничари во последните 100 години. Даде два гола, од кои едниот беше после лионелмесиевска акција.

Вулгарен твит на лудиот претседател на Сампдорија

Масимо Фереро важи за спојка од Ѕампарини, Мамиќ и Џиџи Бекали. После мечот кој Рома го доби на гости 0-1 против Сампдорија, некој твитераш навивач на римскиот клуб пишал дека тифозите на Дорија не вредат две пари и навиваат само кога губат. Тогаш Масимо Фереро ги завратил ракавите:

Малиот од Бешикташ што даде ист гол како Бејл против Барса

Финалето на шпанскиот Куп 2014 ќе се памети по акцијата на Герет Бејл кој му измеша памет на Марк Бартра од Барселона и во 85’ минута даде прекрасен гол после неверојатен трк. Исто такво направил и Гуркан Варлик, играч на Бешикташ U-17 а во улога на Бартра било бекче на Ризеспор.

Дебела казна се јаде за ваков однос

Топџиите синоќа загубија 1:0 од Евертон и испуштија шанса да го минат третопласираниот Тотенхем на табела. Емери во 74-та минута од игра го повлече Месут Озил, а овој од бес го гаѓаше со јакната. Премиер лига е ова дечко, па и во петта лига би било срамота ова да го направиш.

Ако зборите за најлуди пресврти, спомнете го и Вотфорд

Кога се зборува за неверојатни пресврти, први на памет ни паѓаат Манчестер со Баерн и Ливерпул со Милан во Лигата на шампионите. Она што се случи во полуфинале на англискиот ФА Куп, за навивачите на скромниот Вотфорд има еднакво значење.

Асистенција за сите пари и Standing ovation за Пандев на Сан Паоло

Еден од единствените шестмина странски фудбалери во историјата на Серија А со над 400 настапи и натаму плени и не ја остава рамнодушна италијанската критика со своите игри. Му извади реми на второпласираниот Наполи каде играше три сезони.

Епско промашување на ПСЖ какво што не се памети

Едно четири-пет пати го изгледавме видеово пред да го опишеме и заклучивме дека се работи за најнесфатливата утка во 150 години фудбал, без разлика што не знаеме многу за порано. И на самиот Чупо Мотинг не му е јасно како ова го изведе. Излегува како да игра за Стразбур, а ПСЖ му дава плата. 

Слободен удар кој камера не може да го следи

Топовскиот удар на колото ни доаѓа од Перу. Ја опали како Роберто Карлос или поточно како топка во живот да не видел.

И вакви пенали постоеле

Играчов е чуден затоа што не се радува, а голманов е нејасен бидејќи ја гледа ко теле. Изгледа само коментаторите се изненадија. И ние. Ај најди му НЗС на пеналов.

Убав гол на Тричко

АЕК Ларнака славеше 0:2 на гостувањето против Омонија со голови во 79-та и 90-та минута. Резултатот го отвори македонскиот репрезентативец кој се ослободи од дефанзивците и ја шутна силно и неодбранливо. Играше и Даниел Мојсов.

Лесно е паненка да правиш на 2-1 во 92-ра минута

Во битка за третото место кое води во бараж за втора француска лига, Лавал со 3-1 го совлада ривалот Ле Ман. Последниот гол од пенал го даде Габриел Етиноф кој изведе паненка.

Ти реков да не играш еден на еден со мене

Има една епска кошаркарска сцена од НБА финалето 1998-ма кога Џордан му скрши кичма на Расел во игра еден на еден во последни секунди. Верувајте дека овој полошо пројде.

Новото засилување на Вардар кога Столе ќе се повлече

Велат фудбалот е за сите, па не би рекле. Почни ракомет да тренираш да те види Господ, таму нема шанси никој да ти ја земе. Пикер, ко Анџела Платон.

Јувентус уште во недела може да ја одбрани титулата

Актуелниот шампион на Италија треба да врзе уште само две победи и со тоа дефинитивно ќе слави нова титула, без разлика на резултатите кои ќе ги остварат Наполитанците. Ама има опција и за порано, уште овој викенд, така што веќе треба да им се спремни маиците и конфетите.

Заокружи победа со преубав гол

Рајли Мекгреј само стави потпис на победата на неговиот Мелбурн Сити против Бризбејн Рор од 4-1. Маестрален дриблинг плус многу сенс за лоб

Фарбика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Вип

Лукоил, Сава Осигурување и Фабрика Карпош - ГИМ славеа победи во последниот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

10 години од голот кој го посрамоти цел Минхен

Се сеќавате ли на Единалдо Батиста познат скратено како Графит? Ќе ви текне кој е кога ќе видите што и направи на одбраната на Баерн Минхен пред една декада. Волфсбург тогаш беше првак на Германија, а Бразилецот играч на годината и стрелец број 1 со 28 гола. 5:1 ги попарија Баварците предводени од Клинсман.

Даде гол на деби и му донесе титула на Манчестер, а сега не би го познале на улица

Федерико Македа е лик за кој просто мора да се сними добар документарец. Дечкото стаса во Манчестер Јунајтед во 2007 година од школата на Лацио и одигра 14 средби. Во 2009-та имаше нестварно деби за клубот од „Олд Трафорд“.

Само Меси е пред Барди во слободни удари изминативе 15 месеци

Снајперистот на Македонија и Леванте го нема во последно време со некој мајсторски гол од прекин. Ама и на другиве нешто не им оди, затоа тој држи една убава втора позиција, а првата е резервирана за Лионел Меси кој последно време ударите од 20-25 метри му се како пенали.