Се сеќавате ли на Жозеф Мари Минала? Бидејќи сторијата за него е пред пет години, па сигурно на некој му е избледена да потсетиме со пар реченици.
Тоа е едно од оние деца кое потекнува од сиромашен кварт во Камерун, желен за фудбал, а свесен дека за да фати таков пат најдобро му е да оди во Европа.
На 15 години заминува за Италија и почнува да тренира во римски клуб кој се грижи за таленти на кои потоа им го трасира патот во поголеми клубови.
За талентот на Минала дознаваат Интер, Рома, Удинезе и Џенова, но муабетите брзо се прошириле па го викнале на проба во Наполи. Следна дестинација му е Лацио каде играше во тимот У-16, а потоа стаса до У-21.
Камерунецот роден 1996-та, тогаш имаше 17 години, факт многу сомнителен за сите кои го имаат видено.
И сега да преминеме на главното. Минала со апликацијата за стареење изгледа вака:
А кога беше во Лацио на 17 години изгледаше вака :))))).
Сега е на позајмица во Салертината и има 22 години.