Жозеф Мари Минала непознато име во светот на фудбалот, за брзо време се рашири низ медиумите кои го претставија како тинејџер кој сигурно има двојно повеќе години од тие што му стојат во личната карта. Но во Италија големите екипи не дебатираа околу неговата возраст, туку се тепаа кој да го купи.